Наставникот по математика од Нови Сад- Иван Јанеш бил брутално претепан од страна на учениците. Според она што го кажал наставникот децата биле на возраст од 12 и 15 години го нападнале наставникот, го клоцале и го удирале и му велеле дека е геј се додека не му нанеле тешки телесни повреди.
Иван вели дека излегол од бензинска пумпа откако ги напумпал гумите на својот велосипед, а потоа седнал на клупа во паркот каде што чекал да му се придружат неговата сопруга и синот. Подоцна му пришла група од деца и го прашале колку е часот. Кога го слушнале одговорот продолжиле уште неколку чекори, каде што почекале уште неколку основци, а потоа се вратиле кај Јанеш
– Најмалиот од нив, би рекол дека е 6-то одделение, ми пријде и ме праша дали познавам некој педер. Кога им одговорив одречно, тој викна: „Ти си педер, а сите деца полетаа кон мене и почнаа да ме клоцаат и да ме удираат“, раскажува наставникот.
Портпаролката на Клиничкиот центар Војводина, Јелена Јуришин потврдила дека Јанеш бил примен на оделението за оториноларингологија, дека повредите му биле санирани и дека потоа бил испратен на домашно лекување. Јанеш наведува дека полицијата истата вечер го повикала на препознавање на две момчиња, но според него, тие се значително повозрасни од тие што го нападнале.Според она што го кажал наставникот децата биле на возраст од 12 и 15 години го нападнале наставникот, го клоцал