Остар пад на акциите на Волстрит

Цените на акциите на Волстрит во понеделникот остро паднаа бидејќи повторно заживеа стравувањето за продлабочување на должничката криза во еврозоната, а под најголем притисок се најдоа акциите на рејтинг агенциите поради најавата за тужба против Standard &Poor's.

Dow Jones ослабна за 0,93 отсто, на 13.880 поени, индексот S&P 500 падна за 1,15 отсто, на 1.495 поени, додека Nasdaq се намали за 1,51 отсто, на 3.131 индексни поени. Најголемиот дневен пад на индексот S&P 500 од ноември минатата година е последица на обновените стравувања од продлабочување на должничката криза во Италија и Шпанија.Приносите на обврзниците на овие две членки на еврозоната вчера нагло пораснаа, додека шпанскиот индекс IBEX потона за 3,7 отсто, а италијанскиот FTSE MIB за 4,5 отсто поради корупциски скандал во владеачката партија во Шпанија и неизвесноста во пресрет на изборите во Италија.Изминатата недела медиумите известија дека најмалку десет функционери на партијата на премиерот Маријано Рахој, вклучително и тој лично, добивале пари од тајниот фонд со кој управувал благајникот на партијата.Анкетите во Италија покажуваат дека поранешниот премиер Силвио Берлускони ја намалил разликата зад челникот на актуелната техничка влада Марио Монти.Поради тоа вчера паднаа акциите на сите десет сектори во S&P 500 индексот.Меѓу најголемите губитници вчера беше акцијата на McGraw-Hill, со пад од речиси 14 отсто, по вестите дека американското министерство за правда ќе подигне тужба против агенцијата Standard &Poor's, која е во сопственост на McGraw-Hill, поради можни незаконитости при одредувањето на рејтингот на второкласните и другите хипотекарни обврзници. Вредноста на хипотекарните хартии од вредност нагло падна во 2007 година, што е една од главните причини за длабоката финансиска криза.Ова е прва тужба во историјата на американските власти против рејтинг агенција, поради што иневститорите справуваат дека може да уследат и нови тужби, поради што остро падна, за над 10 отсто и акцијата на Moodi's.И на европските берзи цените на акциите во понеделникот остро паднаа. Лондонскиот индекс FTSЕ падна за 1,58 отсто, на 6.246 поени, франкфуртскиот DAX потона за 2,49 проценти на 7.638 поени, додека парискиот индекс CAC беше во најголем минус  од 3,01 отсто и изнесуваше 3.659 индексни поени.
 
Makфакс
Цените на акциите на Волстрит во понеделникот остро паднаа бидејќи повторно заживеа стравувањето за продлабочув

Пронајдете не на следниве мрежи: