За новите родители може и да е тешко да се прикријат за да не го смират бебето додека плаче. Според научниците, на детето кое се остава да плаче додека спие, не му се предизвикува емоционална штета и не му се зголемува нивото на стрес.Група истражувачи го следеле однесувањето на 43 парови родители со бебиња на возраст меѓу 6 и 16 месеци, кои имаат проблеми со спиењето. По тримесечни тестови, бебињата кои биле оставани да плачат за подолго време почнале да заспиваат во просек 13 минути побрзо од оние на кои веднаш им се обрнува внимание.
Децата и родителите во студијата биле поделени на три групи. Во првата родителите требале да остават детето да плаче подолг временски период. Тоа сепак не значи тоа да биде оставено да плаче со часови, туку постепено да се зголемува времето во кое родителите реагираат на плачот. Овој период варира од две минути до 35 минути во рамките на недела дена. Во втората група, родителите останувале во собата на детето додека спие, а кај третата нема промени на навиките за спиење.
До крајот на студијата, првата група покажала подобри резултати од втората по три показатели – брзина на заспивање, број на будења ноќе и вкупно време за спиење. Откако се испитувало нивото на кортизол на бебињата, научниците утврдиле дека нема значителна разлика во нивото на стрес кај децата од првата група.
„Кога чекате вашето бебе да заспие, секоја минута е важна“, вели психологот и водечки автор на студијата Мајкл Градисер од Универзитетот во Јужна Австралија.
„На родителите им велат дека нивото на стрес кај децата ќе се зголеми со времето кај оваа техника и тие ќе имаат проблеми во однесувањето. Ова истражување покажува многу јасно дека нема (негативен) ефект врз детските нивоа на стрес“, додава тој.Група истражувачи го следеле однесувањето на 43 парови родители со бебиња на возраст меѓу 6 и 16 месеци, кои имаат проблеми со спиењето.