Денеска во посета на Кратово беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој инаше можност да ја новоизградената спортска сала во овој град. Тој кажа дека му е задоволство што е таму да ги види насмевките на децата кои што се среќни што добија нова сала.Задоволство ми е денеска во период кога заменик министерот за образование беше да ја посети салата, новоизградената сала овде во Кратово, во основното училиште , да дојдам и да го видам, да ги видам насмевките на децата кои што се среќни затоа што добија нова сала, изјави Груевски.
Тој потенцираше дека ова е уште едно изборно ветување кое е остварено. Инвестицијата е вредна 24.000.000 денари, а се градеше помалку од една година.
-Сакам да потенцирам дека ова беше наше изборно ветување, дека ние во нашата програма ветивме дека ќе се изгради оваа спортска сала и таа се изгради, минатата година започна градбата, оваа година заврши и веќе 15-тина, 20 дена е во употреба, на задоволство на учениците, на над 250 ученици од основното училиште. Исто така на задоволство на сите граѓани кои што во слободно време ќе имаат потреба да ја користат. Со ова Кратово добива уште една спортска сала, а ние и како политичка партија и политичка коалиција и како Влада исполнуваме уште едно барање дадено кон граѓаните на Кратово и мене ми е задоволство за тоа. Инвестицијата е како што разбравме 24.000.000 денари, се градеше помалку од една година, така што успешно се заврши во исклучително тежок терен, се направи модулот два и како што може да видите учениците веќе вежбаат и со задоволство ја користат салата, изјави Груевски.Задоволство ми е денеска во период кога заменик министерот за образование беше да ја посети салата, новоизградената сала овде во Кратово, во основн