Општинското Средно Училиште „Ацо Русковски“ од Берово го одбележа патрониот празник во чест на раѓањето на својот патрон Ацо Русковски и во чест на 63 годишнината од формирањето на оваа образовна институција во Берово.Патрониот празник на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово беше одбележан со свечена програма во холот на училиштето која започна со обраќањето на директорот на ОСУ „Ацо Русковски“ Гоце Џалевски до гостите и сите присутни во холот на училиштето, кој накратко се осврна и на работењето и постигнувањата на училиштето.
Како што спомна директорот, претходната учебна година беше една од најуспешните години на училиштето па заради тоа додели благодарници на ученици и нивните ментори за постигнатите резултати издвојувајќи го постигнувањето на ученикот од втора година Милан Тасевски кој под менторство на проф.Крум Спенџарски освои бронзен медал во Ирак на меѓународен натпревар по математика.
Благодарници за добрата соработка и помош во функционирањето на институцијата директорот додели и на градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински и градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски.
Во културно-уметничкиот дел, со своја програма се претстаија членовите не КУД “Димитар Беровски“, додека учениците ја покажаа својата музикалност со изведба на повеќе музички точки, а огромно внимание привлече и поставката на театарска претстава во изведба на драмската секција во училиштето.
По завршувањето на свечената програма, празнувањето на празникот продолжи со полагање на свежо цвеќе пред бистата на „Ацо Русковски“, а подоцна и со спортски натпревари во салата „Македонски Бранители“.Патрониот празник на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово беше одбележан со свечена програма во холот на училиштето која започна со обраќањето на