ОСУМ СТРАШНИ ВИСТИНИ за авионите кои не ги знаеме

Овие мрачни тајни сигурно ќе ги разбудат стравовите кај патниците и ќе им даде потполно нова преспектива за летањето.За да се дојде до овие информации, биле распрашани неколку пилоти и стјуардеси. Одговорите биле запрепастувачки!
1. Стјуардесите веројатно не служат вечера на патниците и за тоа постои причина
„Во ноќните летови, изнесувањето на храна го одложуваме што е можно повеќе, за патниците да заспијат, а ние да работиме помалку“ – признала една стјуардеса.
2. Никогаш немојте да ја пиете водата од авион
„Никогаш немојте да пиете вода од авион, доколку не е во шише. Немојте ни да ја допирате. Причина за тоа е што водата за пиење и водата од тоалетот се наоѓаат на неколку сантиметри една од друга, а понекогаш во некои авиони тие идат заедно“ – открил еден корисник на друштвените мрежи.
Во 2002 година, спроведени се тестови за исправноста на водата на неколку летови во Америка, за да се провери точноста на некои информации добиени од членовите на екипажот. Тие откриле дека бројот на бактериите е повеќе од дозволената граница што всушност ја потврдува оваа информација.
3. Маските за кислород всушност даваат само 15 минути воздух 
Било која ситуација во авионот, се смета за лоша кога маските за кислород ќе паднат. Меѓутоа, да се знае дека маските имаат само 15 минути воздух во нив, би било страшно.
Еден корисник на социјалните мрежи истакнал дека 15 минути би биле доволни за пилотот да го спушти авионот на висина на која дишењето е нормално.
4. Пилотите понекогаш спијат за време на летот
„На подолги летови, пилотите имаат право на одмор додека нивниот копилот управува со авионот“ – изјавила една стјуардеса. Од тогаш, многу пилоти признале дека и тие, но и нивните копилоти од време на време знаат да заспијат.

5. Како прегледаните торби се „чекираат“
„Ако пишува КРШЛИВО, тоа значи дека воопшто не ги интересира и повеќе ги фрлаат торбите. Ако пишува ДА СЕ СТАВИ НА ОВАА СТРАНА, со сигурност се става наопаку. Мораме да го наполниме просторот со повеќе од 150 торби, а за тоа не бираме начин“ – рекол еден анонимен носач на торбици.
6. Луѓето масовно ги крадат појасите за спасување
„Луѓето ги крадат појасите за спасување кои се наоѓаат под седиштата или измеѓу нив. Тоа е дело е третирано со казна и додека авиокомпаниите ги проверуваат сите седишта на почетокот на секој ден, авионот лета неколку пати дневно, и преку цело лето, па секако дека може да укрде појас“ – изјавил еден од авионските специјалисти.

7. Екипажот на авионот не се придржува до правилата
Исклучување на мобилниот телефон во авионот е добро позната работа која секој патник го прави тоа уште со самото седнување на седиштето. Очигледно дека стјуардесите ве предупредуваат на тоа, но самите тие не се придржуваат кон истото.
„Мојата сестра е стјуардеса и кажува дека после предупредувањето на патниците за исклучување на телефонот, она го зема својот и прака смс пораки на своето момче“.
8. Водење грижа за домашните миленичиња не е топ приоритет
Патувањето со домашно милениче понекогаш е неизбежно. Иако, сите компании тврдат дека се води посебна грижа за нив, тоа и не е баш така.
„Работам со додавање на гориво. Иако компаниите тврдат, некои работи се неизбежни, како на пример гласниот звук на рампата. Доколку немате слушалки на уши, неиздржливо е да се издржи тоа, е сега замислете, вашето куче како чека да се качи на таа рампа со сите тие звуци, кои човекот не може да ги поднесе“ – напишал еден корисник на социјалните мрежи.За да се дојде до овие информации, биле распрашани неколку пилоти и стјуардеси. Одговорите биле запрепастувачки!

Пронајдете не на следниве мрежи: