Многумина меѓу нас се убедени дека некој ги има проколнато. Проверете дали е тоа така. За клетвите се напишани многубројни книги, а во нив пишува дека овие осум знаци можат да се издвојат како најчести показатели дека сте проколнати.
Ненадеен губиток на енергија: Ако сте „пукале“ од сила, сте биле преполни со живот и енергија, а наеднаш сте потонале и веќе немате волја за ништо, тоа може да биде еден од знаците дека на вас е фрлена клетва.
Финансиски загуби: Ненадејно ве покосиле финансиски загуби, ако сте изгубиле многу во некои влогови или одеднаш од стабилна ситуација сте влегле во безизлезна.
Ноќни мори: Ненадејно почнувате да сонувате чудни и застрашувачки работи. Многу се убедливи и многу ве оптоваруваат. Тоа може да бидат соништа за вашата смрт, змии, скорпии и падови од големи височини.
Црни знаци: Ако ненадејно ви исчезнало омиленото парче накит или необјаснето се расипало, тоа може да биде знак на клетва.
Лоша среќа: Ова е нешто што многумина го доживуваат субјективно, но ако навистина сте во црна серија и се се врти против вас, тоа е тоа.
Необјаснета болка. Ако почесто од порано чувствувате болка во телото што не можете да ја објасните, а особено во долниот дел на грбот, стомакот, па дури и нозете, а докторите не можат да ја откријат причината.
Проблеми со спиењето: Ненадејно се будите среде ноќ, долго не можете да заспиете, се препотувате за време на спиењето, а никогаш претходно не сте имале ваков проблем, тоа може да биде знак дека некој ве „фатил на пик“.
Ако пронајдете четири од овие знаци, знаете во што е проблемот. Се разбира, ако верувате во клетви. Ни тие ни нивното делување не се докажани.