Осумдневен притвор за негувателката која ја малтретираше бабичката од Скопје

Основното јавно обвинителство – Скопје до надлежен суд поднесе Предлог за определување мерка притвор за негувателката родена 1951 година, за која постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Осомничената се товари за повредите нанесени на изнемоштена 84-годишна старица која и била доверена на чување.
Од страна на судот, на осомничената и е одреден притвор во траење од осум дена.
Запотсетување, во март годинава, Б.В., син на оштетената со усмен меѓусебен договор се договорил со пријавената истата да се грижи и да ја чува неговата 84 годишна мајка која е болна од Паркинсонова болест и деменција и е тешко подвижна, а за сметка на тоа тој без надомест и овозможил да живее заедно со мајка му и се грижел финансиски за сите нејзини потреби, бидејќи пријавената немала сопствен дом  и средства за егзистенција.
На 21 овој месец околу 00:30 часот на улица ,,Димо Хаџи Димов“ од страна на Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка – оштетената Н.В. заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал на снимката која се снимала во тој момент како пријавената физички ја малтретирала неговата мајка удирајќи ја со рацете по главата и телото тегнејќи ја за косата, и туркајќи ја на креветот.
Откако го видел тоа, Б.В. се симнал  на долниот кат и истата ја спречил и понатаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал пријавената од нивниот дом. Горепријавената во повеќе наврати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената.Осомничената се товари за повредите нанесени на изнемоштена 84-годишна старица која и била доверена на чување.
Од страна на судот, на осомн

Пронајдете не на следниве мрежи: