Осветен и промовиран паркот во кругот на црквата „Свети Климент“ во Штип

Владиката Иларион вчера го освети новиот парк кој е конструиран во кругот на црквата „Свети Климент“ во населбата Сењак. Паркот е изграден од страна на вработените во ЈП „Исар“ со поддршка на општината а во градежните активности учествуваа и свештеници од Брегалничката епархија. На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев. Владиката Иларион се заблагодари на ангажманот на локалната самоуправа во поддршката на вакви проекти:- Морам да кажам дека како ниту еден градоначалник до сега, сегашниот, Захариев, направи многу за мајката црква, со континуирана поддршка во поглед на изградбата на многу цркви како и со сите активности кои се прават низ градот. Му благодарам за тоа и се надевам на успешна соработка и во иднина – кажа Иларион.
Со активноста, задниот дел на црквата кој беше запустен, се направи паркова површина, поставени се клупи, осветлување и цветни аранжмани со жардинери со што жителите од овој дел на градот добија место за одмор а со тоа комплетно се среди дворот на оваа двојна црква.- Морам да кажам дека како ниту еден градоначалник до сега, сегашниот, Захариев, направи многу за мајката црква, со континуирана поддршка

Пронајдете не на следниве мрежи: