Преку програмските активности на општина Берово предвидени во работењето на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово, во завршна фаза е проектот за реконструкција на спортските терени до училишната зграда во Берово.Овој проект кој се реализираше во неколку фази опфаќаше реконструкција на спортскиот терен со поставување на нов асфалтен слој на површина од 1050 квадратни метри, поставување на заштитна ограда и осветлување на самиот терен.
Последната фаза од проектот е реализирана деновиве со што терените се осветлени и е изграден еден спортски терен кој ги задоволува стандардите за ваков тип на терени кој ќе има можности за спортување и во вечерните часови.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени преку Буџетот на Општина Берово преку наменските дотации од Министерството за образование и наука за ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ Берово.
Овој проект кој се реализираше во неколку фази опфаќаше реконструкција на спортскиот терен со поставување на нов асфалтен слој на површина од 1050