Достојна замена за сладоледот, рецепт познат во разни делови од светотАнгличаните го викаат floating island (пловечки остров), Французите les œufs à la neige (снежни јајца), Германците Schnee-Eier (исто така снежни јајца), а Полјаците zupa nic (птичјо млеко). Ова е вкусен десерт идеален за топлите летни денови кога рерната ни е најголем непријател.
Потребни состојки:
3 жолчки
4 лажици шеќер
½ литар млеко
1 ванилин шеќер
5 белки
Неколку бисквити
Начин на подготовка:
Жолчките и 2 лажици шеќер измиксајте ги додека не добиете густа смеса. Млекото ставете го во тенџере со 2 лажици шеќер во кое претходно сте го додале ванилинот шеќер. Оставете млекото да зоврие.
Направете шлаг од белките. Бисквитите искршете ги во голем стаклен сад.
Со лажица одвојувајте го шлагот од белки и накратко ставајте ги деловите во врелото млеко. Топките шлаг после минута свртете ги на другата страна додека не се зголемат и потоа одма поставете ги на бисквитите.
Смесата со жолчките и шеќерот додадете ја во преостанатото млеко непрекинато мешајќи додека не се згусне. Прелијте со неа преку топките шлаг и ставете ги во ладилникот на 3 часа.
На крајот по желба можете да додадете рендано чоколадо, а за поинтензивен вкус и неколку капки рум.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Англичаните го викаат floating island (пловечки остров), Французите les œufs à la neige (снежни јајца), Германците