Освежувачите за воздух можат да бидат многу опасни!

Дали често практикувате освежувач во вашите простории?ж Освежувачите го ароматизираат воздухот, и даваат чувство на свежина, но дали се здрави?Освежувачите содржат разни материи за да можат да го постигат својот ефект. Научниците велат дека повеќе од 80% од освежувачите содржат разни отровни хемикалии како што се фталатите кои можат да предизвикаат разни штетности по здравјето. Да се користи освежувач понекогаш не е опасно но, хроничната навика постојано да се прска низ просториите во кои престојувате може да биде штетно.
Присуството на фталати во освежувачите има повеќекратен штетен ефект врз многу делови од телото. Научниците велат дека фталатите се особено штетни за здравјето на половиот систем на мажот. Го намалуваат тестостеронот и квалитетот на спермата, а имаат и штетни ефекти врз бремените жени.

Освежувачите се многу опасни и за појава на алергии и алергиска астма, а тие не треба никако да се користат во простории каде што има новороденче или лица кои страдаат од астма или други опструктивни белодробни болести, бидејќи материите во освежувачот можат да бидат причина за егзацеребрации.
Експертите велат дека луѓето можат да користат освежувачи, но контролирано, повремено и не пред лица од горенаведените групи, бидејќи со последното истражување се покажало дека скоро на ниту еден освежувач кој содржел фталати истите не биле напишани на опаковката., па затоа скоро е неможно да знаете што се има во освежувачот што сте го купиле.
Доктори.мкОсвежувачите содржат разни материи за да можат да го постигат својот ефект. Научниците велат дека повеќе од 80% од освежувачите содржат разни

Пронајдете не на следниве мрежи: