Осврт од промоцијата на двојазичната збирка поезија „Врвот на ноќта“

Промоцијата се одржа во среда на 27. јануари 2016 година, во „МКЦ Клуб Ресторанот“. За книгата говореа Татјана Б. Ефтимоска и Ѓоко Здравески, а авторката Габриела Мишел Милкова интерпретираше неколку од нејзините песни на англиски и на македонски јазик. Покрај говорниците, на присутните им се обрати директорот на издавачката куќа Метаноја, Нада Милкова.  
 Преку уметничко видео на поетски перформанс песната „Хронофаг,“ критички осврт, објаснувањето за настанувањето на збирката пред бројните присутни, се зборуваше за инспирацијата авторката песните да ги пишува во контекст на месечевите мени, за цикличноста на животот, односот меѓу денот и ноќта, на светлината и на темнината. Како што месечината е секогаш присутна и цела, а само привидно исчезнува или се појавува, осцилирајќи меѓу млада и полна месечина, соддветно со поставеноста кон сонцето, така и човекот како личност, е постојан и целосен, но е видлив, невидлив или делумно видлив соодветно со поставеноста кон животот.  
 
Промоторите на книгата Татјана Б. Ефтимоска и Ѓоко Здравески го окарактеризираа  поетското претставување на Габриела Мишел Милкова како исклучително зрело за млада личност која штотуку наполнила осумнаесет години. Според нив поезијата на Милкова открива најубава хармонија меѓу разиграноста вообичаена за млади луѓе и темата на песните и нивниот автореференцијален карактер кој е својствен за поети со подолго животно искуство. 
 
Книгата од денеска ќе може да се купи во Литературното кафе Метаноја, на Максим Горки бр. 19, Скопје. Цената на книгата е 250 денари.
 
За авторот: Габриела Мишел Милкова е родена 1998 година во САД. Оттогаш голем дел од нејзиното детство таа го минала во Скопје, Македонија, и во Оксфорд, Англија. Основно училиште завршила во „Св. Филип и Џејмс“, Оксфорд, а сега е четврта година ученичка во Меѓународните училишта „НОВА“. Габриела пишува поезија од најмлада возраст, а неодамна нејзини песни се објавени во Меѓународното списание за книжевност и уметност „РАЗНОЛИКОСТ“. Габриела настапувала на платформата за поетски настапи „Астални проекции“, а и за време на Летното училиште „Кембриџ Литерати“. „Врвот на ноќта“ е нејзината прва издадена поетска збирка. Со неа таа го одбележа својот осумнаесети роденден. Желбата на Габриела е да студира англиска книжевност, првенствено како изговор да прочита уште понекоја книга.
 Преку уметничко видео на поетски перформанс песната „Хронофаг,“ критички осврт, објаснувањето за настанувањето на збирката пред бројн

Пронајдете не на следниве мрежи: