Отец Ивица Тодоров од МПЦ: Целта на Сорос е човештво без човек, без идентитет, без став, вредност и вистина

Отец Ивица Тодоров од Скопската епархија на МПЦ преку својот Фејсбук профил даде силна оценка за пропагандата на Сорос.Тој дава одговор на прашањето која е целта на Сорос со пропаганда, активизам и енормно вложување на пари.
-Целта е морална и генетска мутација, да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнење на духовните, менталните, интелектуалните и личносните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештвото. Тоа е процес на зомбирање, формирање на форми без суштина, личности без Богоцентричен светоглед, а со препознатлив нихилистичко огревовен светоглед. Таквите “личности” се себецентрични, односно дрски егоисти и себеугодници. Како такви стануваат “топовско месо” на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се “фактор”, дека се’ им е дозволено и дека не постои грев и одговорност!, напиша Отец Ивица.
Отец Ивица Тодоров од МПЦ продолжува за Сорос и вели дека има и друга деструктивна програма.
-Последната програма на оваа програма на Сорос, се разбира во целата оваа режија има и други деструктивни програми,а тоа е формирање на човештво БЕЗ ЧОВЕК, односно човештво БЕЗ ИДЕНТИТЕТ, односно човештво без СТАВ, ВРЕДНОСТ и ВИСТИНА, вели отец Ивица.
Добивал прашања и за пропагандата на Сорос и зошто сето ова на што тој одговара дека таа духовна војна одамна се води.
-Сето ова се случува затоа што во секоја човечка душа, ум, срце и волја одамна се води започната духовна војна која има за цел да го истисне од секој човек се’ она што му е дарувано од Творецот, од Небесниот Отец, а и да го истисне и сето она што му овозможува на секој човек да биде остварен човек, односно Богослично битие, не Сатанослично губре, пишува Отец Ивица.
Според него со сето ова секој може да се запознае и да му стане јасно за што станува збор доколку се чита Свето Писмо и Библијата.
-Читајте Свето Писмо, читајте ја Библијата, и искрено, храбро и логички размислувајте, па се’ ќе ви стане јасно, вели Отец Ивица.

 
Отец Ивица е претседател на граѓанската организација “Движење за духовна обнова на Македонија”, а претходно со години беше ангажиран во хуманитарната организација на МПЦ “Ѓаконија” за помош и исхрана на сиромашните.
Бил свестеник во црквите “Св. Ѓорѓи” во Чаир, “Св. Никола” во Скопје Север и во “Св. Петар и Павле” во Ѓорче Петров.Тој дава одговор на прашањето која е целта на Сорос со пропаганда, активизам и енормно вложување на пари

Пронајдете не на следниве мрежи: