Откако ќе ги подготвите овие кекси, НИКОГАШ повеќе нема да ПОМИСЛИТЕ на купечките!

Домашно приготвените јадења се секогаш највкусни, нели? Доколку сакате да јадете кекс, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Освен што се поздрави од купечките, овие кекси се едноставни за подготовка, бидејќи ви се потребни само четири состојки.За нивната подготовка ви се потребни околу десетина минути.
Состојки:
голем филџан брашно
филџан шеќер
едно јајце
125 грама путер
ситни парчиња чоколадо за готвење (по желба)
Напомена: Доколку сте покреативни во готвењето, во кексите можете да додадете ореви, бадеми, малку рум, рендана кора од портокал и сѐ друго што ќе ви падне на памет.
Подготовка: Истопете го путерот и помешајте го со јајцето. Потоа, додадете ги шеќерот и брашното и добро измешајте ги состојките. Направете сплескани топчиња, а во секое можете да ги додадете ситните парчиња од чоколадото за готвење и омилените состојки. На површината за печење ставете хартија за печење и кексите поставете ги на површината и ставете ги во загреаната рерна. Печете ги десетина минути на 220 степени.
Вашиот десерт ќе биде готов кога ќе добие светло-кафеава боја. Она што е најдобро е дека овие кекси можат со денови да стојат кутија. Секако, ако дотогаш успеете да им оддолеете!
Уживајте! За нивната подготовка ви се потребни околу десетина минути.
Состојки:
голем филџан брашно
филџан шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: