Лекот од Стар Египет што бил користен за лечење на ревматизам е ефикасен и во лечењето на перикардитисот – воспаление на подрачјето околу срцето, покажало ново клиничко истражување.Лекот од Стар Египет што бил користен за лечење на ревматизам е ефикасен и во лечењето на перикардитисот – воспаление на подрачјето околу срцето, покажало ново клиничко истражување. Древниот лек колхицин, кој со векови се користи против воспаленија на акутниот гихт (заболување на метаболизмот кое настанува како последица од зголемување на нивото на мочната киселина во крвта и предизвикува таложење на кристали на мононатриум урат во зглобовите и другите делови од организмот), е искористен врз 240 пациенти кои се заболени од перикардитис и утврдено е дека го преполовил бројот на повторно појавување на симптомите во споредба со пациентите кои не примиле никаков лек. Перикардитисот се повторил кај 42.5% од испитаниците кои не земале никакви лекови и кај 21,6% од испитаници кои го земале колхицинот.
После 3 дена лекување, само 19,2% кои примале колхицин и понатаму ги имале истите симптоми, за разлика од оние 44% кои не го употребувале овој лек воопшто. Инаку, колхицинот ја намалил потребата за хоспитализација од 10% на 1,7%.
Лекот од Стар Египет што бил користен за лечење на ревматизам е ефикасен и во лечењето на перикардитисот – воспаление на подрачјето околу срц