На плоштадот во н.м. Стајковци општина гази Баба заедно со семејството и месната заедница ја поставија биста на Бобан Ивановиќ, припадник на единицата за брзо распоредување, нашиот херој кој загина 2015 во Куманово, во одбрана на Република Македонија. За неговиот живот како родител, сопруг, син, брат, другар, професионалец во својата работа и почитуван жител во своето населено место, зборуваа секретарот на месната заедница Стајковци, Тони Бојковски и претставникот од општина Гази Баба, Тодор Петров.
Бистата на Бобан Ивановиќ ја открија градоначалникот Тони Трајковски, заедно со сопругата на Бобан Ивановиќ и неговата внука Бобана, а потоа свежо цвеќе пред неговиот споменик положија: сопругата, синот и снаата, родителите и братот, делегација од општината, другарите од единицата за брзо распоредување, претставници од урбаната заедница и од ОУ „Кирил и Методиј“, претставници од ОК на ВМРО ДПМНЕ Гази Баба, членови на Здружението на Бранители на Македонија 2001, претставници од УЗ Хиподром, роднини, другари и пријатели.
Со голема почит да се потсетиме на сите кои покрај Бобан Ивановиќ го дадоа својот живот во одбрана на Македонија во 2015 година во Куманово: Жарко Кузмановски од Брвеница Тетово, Ненад Серафимовски од Зубовце Гостивар,Сашо Самојловски од Брвеница Тетово, Горан Илиевски од Гостивар, Исамедин Османи од Студеничани Скопје, Љубиша Аранѓеловиќ од Скопје и Горан Стојменовиќ од Инџиково Скопје.За неговиот живот како родител, сопруг, син, брат, другар, професионал
Пронајдете не на следниве мрежи: