Откриена е долго чуваната тајна на Холивуд

Луѓето кои со години се наоѓаат во филмскиот бизнис, открија какви радикални потези се прават кога станува збор за најпознатите светски актери.„Beauty work“ е името на скапата и сложена обработка на видеа, која ја употребува скоро секоја филмска ѕвезда.
Станува збор за посебна техника која веќе една деценија се чува во тајност, пишува новинарот Џош Дики.
Имено, првото правило за „разубавување“ во Холивуд – е да не се кажува за тоа. Станува збор за софтвер со кој се обработува сликата од видеото во финалниот дел од постпродукцијата.
Актерите потоа стануваат послаби, помлади, а лицето и телото позатегнато и поубаво.
Она што за магазините е фотошопот, тоа е дигиталното разубавување за видеата: со часови се разубавува секој дел од телото на некој славен актер или актерка, се избелуваат забите, се зголемува густината на косата, се нагласуваат мускулите на телото, се мазни кожата, се отстрануваат подбрадокот и подочниците, порите исчезнуваат, се нагласуваат стомачните мускули, се намалува евентуалното сало на стомакот итн.
Понекогаш тоа се прави поради каприц, а понекогаш тоа се бара кога, на пример, 24-годишна актерка глуми тинејџерка.
„Никој од нив во стварноста не изгледа онака како што ги гледаме во телевизиските серии или филмовите. Сите се разубавени“, вели едниот од пионирите на оваа посебна техника.
„Ние навистина со помош на софтверот поставуваме глава на некоја актерка на некое тело кое е атлетско и фит. Постојано го правиме тоа“, открива Хенсен.
„Пеглањето“ на кадрите и разубавувањето на актерите во постпродукцијата со помош на тој софтвер, чини помеѓу 500 до 2500 долари по кадар.
Младите и славни актерки, како на пример Кира Најтли, одбиваат било какви посебни ретуширања и јавно се противат на ваквиот вид работа во Холивуд.
Но, поголемиот дел од актерите и понатаму сакаат во најдобро можно издание да се појават на филмското платно.„Beauty work“ е името на скапата и сложена обработка на видеа, која ја употребува скоро секоја филмска ѕвезда.
Станува збор за

Пронајдете не на следниве мрежи: