Сигурно повеќето од вас сте слушнале дека постојат народни суеверија според кои што не било добро да се излегува точно во 12.00 часот на полноќ, па многумина поттикнати од тоа чекаат секогаш да помине 12 и 15, ако ги „затекне“ тоа време да се враќаат од гости.Затоа решивме малку да се расчитаме и да дознаеме зошто баш 12 часот.
Сепак, постојат неколку верзии на оваа приказна, од кои две се најраспространети како народни верувања.
1-ва Самовили
„Дедо ми нон-стоп замараше да не сум шетала по “глува доба”. Тоа било период од 11:45 до 12:15 по полноќ. Тогаш шетале самовилите и си го земале данокот за загубените деца. Ништо не сфаќав што збори ама ми наби страв како мала, зошто таква самовила една ноќ во 12 го турнала него од скали.После многу време кога тој почина ми кажаа дека таа ноќ самовилата кога го турнала тој бил толку многу пијан што заборавил дека имаме тараса и скали, па сол се направил паѓајќи. Умре со бастун и вештачки колкови.
Уште сум му лута што толку многу години брзав да заспивам пред 12“ – искуство споделено на форум.
Ова мислење постоело уште одамна на овие простори. Исто така се верувало дека не е добро да се мокри надвор во текот на ноќта поради тоа што на тоа место се собирале самовилите.
2-ро Магии
На оние кои веруваат во магии може им е познато ова верување. Имено магиите честопати се фрлале на раскрсници, па така ако некој помине на тоа место во 12 – 12.15 часот по полноќ може да „нагази“ на магијата и да го следи лоша среќа во животот.
Ова очигледно било толку многу распространето и во денешно време што „лекувачите“ на магии, апелираат доколку пронајдете предмет на кој што ви била направена магија да го фрлите во река или во оган, за да не се пренесе на некој друг, а засекогаш да се спасите од проклетството.Затоа решивме малку да се расчитаме и да дознаеме зошто баш 12 часот.
Сепак, постојат неколку верзии на оваа приказна, од кои две се најрас