Александар Македонски бил отруен, тврдат новозеландските научници.Истражувачите од Универзитетот Отаго во Нов Зеланд се сомневаат дека виното кое Александар Велики го пиел за време на свеченоста во Вавилон, било зачинето со отровна билка.
Прочуениот владетел и војсководец кој ги покорил териториите од северна Грција до северна Индија, починал на 33 години (во 323 г. п.н.е.) откако 12 дена бил во агонија.
Според „Дејли мејл“, д-р. Лио Шеп – токсиколог во Националниот центар за отрови во Нов Зеланд смета дека билката со која бил отруен Александар Македонски е кукурекот (helleborus), односно нејзиниот цвет, притоа наведувајќи дека теоријата за труење со арсен или стирихин не е реална, бидејќи смртта настапила побрзо.
Шеп тврди дека овој цвет, бел кукурек, им бил добро познат на старите Грци кои го користеле за да предизвикаат повраќање, и тие многу добро знаеле дека белиот кукурек виното може да го претвори во отров. Веројатно виното кое го пиел најголемиот војсководец било горчливо, и се претпоставува дека во виното му додале шеќер.
Кукурекот ја најавува пролетта и расте во борови или букови шуми, но се користи и како саксиско цвеќе. Кукурекот е билка со зелени листови, а неговите цветови можат да се најдат во 20 различни бои, а бидејќи спаѓа во групата на отровни билки се користи само како украсно растение.
Истражувачите од Универзитетот Отаго во Нов Зеланд се сомневаат дека виното кое Александар Велики го пиел за време на свеченоста во Вавилон, било з