Откриена НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА на комунистичка Албанија!

Огромното тајно атомско засолниште кое албанскиот  комунистички режим го изградил стравувајќи од нуклеарниот напад од Советскиот Сојуз за прв пат е отворено во саботата.Премиерот Еди Рама ги предводел гостите меѓу кои биле амбасадорите од западните земји во областа во обиколка на никогаш користеното петоспратно засолниште со 106 соби.
Засолништето е изградено за време на раководството на Енвер Хоџа во кругот за подготовка за можност од напад на американскиот империјализам или советскиот социјалистички империјализам.
Во Шиш Тифун, 3 километри источно од Тирана, тоа засолниште од 2,685 квадрати е изградено помеѓу 1972 и 1978 година и во случај на војна требало да послужи како седиште на Централниот комитет и Народното собрание.

Бункерот се состои од повеќе тунели високи 3,5 метри на пет нивоа и е вистински објект со пет ѕвездички на комунистичкиот режим- објаснува еден од петте чувари на тоа место кое требало да биде претворено во музеј.

Идејата за зиградбата на тоа место по посетата на Северна Кореја 1964 година ја прецизирала Едлира Пренди, потпарол на министерството на одбрана која додала дека тој бункер уште  од неодамна бил на најтајниот список на албанската војска.
Според добро известувачките извори Енвер оџа и неговите блиски имале најмалку четири слични засолништа на подрачјето на Тирана.
Живеејќи во страв од напад, Хоџа побарал да се изградат повеќе од 700.000 бункери за одбрана на земјата.
Хоџа починал во 1985 година а комунистичкиот режим бил соборен во 1990 година. Албанската влада планира да го претвори ова засолниште во туристичка атракција и изложбен простор.Премиерот Еди Рама ги предводел гостите меѓу кои биле амбасадорите од западните земји во областа во обиколка на никогаш користеното петоспратно зас

Пронајдете не на следниве мрежи: