Откриена прекрасна тајна на 200 ГОДИНИ стар пиштол!

Луксузниот производител на часовници „Parmigiani Fleurier“ реставрираше 200 години стар пиштол кој е направен од познатиот изработувач на часовници и автомати од 19 век, Фререс Рошат. При реставрацијата е откриена една интересна тајна на ова прекрасно оружје.Станува збор за пиштол со две цевки кој е прекриен со скапоцени камења и злато, а се проценува дека е направен околу 1815 година.
Автоматите се подвижни механички уреди, често во облик на луѓе или животни, а Рошатовата специјалност биле птиците кои изгледаат како да мавтаат со крилјата и црцорат.
Така, при реставрацијата беше откриена скриена птица. Имено, кога ќе се повлече чкрапалото, наместо куршум, од пиштолот се појавува малечка и прекрасна птица која внимателно е покриена со шарени пердуви.
Пред да се врати назад во цевката, птицата пее и црцори.
„Реставрацијата бараше големо внимание. Во изминатите години беа извршени најмалку шест интервенции. Поголемиот дел од нив беа брзоплети и погрешно направени, па артефактот беше унаказен како целина“ – истакнуваат од швајцарската компанија.
Погледнете го видеото:
Станува збор за пиштол со две цевки кој е прекриен со скапоцени камења и злато, а се проценува дека е направен околу 1815 година.
Автоматит

Пронајдете не на следниве мрежи: