Научниците веќе со децении истражуваат за тоа што ја предизвикувало најголемата еколошка катастрофа и изумирањето на организмите на Земјата, откако исчезнале околу 97 посто морски и 70 посто копнени суштества.Според истражувањата на Бриџис и Самјуел Боуринг од институтот на Масачусетс, главниот виновник за големото изумирање претставуваат големите бројни вулкански ерупции кои го преплавиле древниот Сибир со густата лава.
Оваа теорија не е нова, меѓутоа, научниците сега конечно со помош на компјутерски програми и детални анализи пронашле доволно докази со кои можат да ја заклучат својата геолошка- форензичарска потрага.
Ерупциите траеле помалку од милион години, но создале наслаги од лава долги околу три милиони кубни километри.
Ова е воедно и единственото големо изумирање на суштества на Земјата.
Катастрофата ја поднеле само некои ретки организми, меѓу кои се издвојуваат копнените билки. Ударот на астероид во кој исчезнале повеќето диносаурси го предизвикало истребувањето на повеќе од 85 посто од организмите.
Различни теории
Во научните кругови последните неколку децении се разгледувани бројни теории за големото изумирање. Според некои, главните виновници биле климатските промени, според други ударите од комети, според трети распаѓањето на суперконтинетите, а спрема четврти вулканите. Но, конечниот одговор тешко можел да се идентификува.
Во своето истражување Бриџес и неговите колеги употребувале сложени техники за дознавање на основата за распаѓање на ураниумот во олово. Овој метод го тестирале на вулканските карпи од Сибирот и морските карпи од Меишан во Кина кои биле најдобро сочувани во записите на масовни умирања.
Анализите покажуваат дека кинеските карпи се стари околу 251,94 милиони години. Вулканските активности на Сибир започнале пред околу 252,28 милиони години – објаснил Бриџис.
Во прилог на „вулканската теорија“ говорат и други докази- хемиски трагови од древните карпи покажуваат дека за време на изумирањето, температурите пораснале до 10 степени целзиусови.
Научниците претпоставуваат дека магмата на својот пат запалила повеќе количини на јаглерод, водород и карпи па така во атмосферата создала големи количини на гасови како метан, ЦО2 и отровни метали.
Врнежите на северниот пол станале доста кисели така да нивниот pH бил многу сличен на pH лимоновиот сок. Исто така постојат докази дека тогаш се промениле количините на јаглерод и кислород.Според истражувањата на Бриџис и Самјуел Боуринг од институтот на Масачусетс, главниот виновник за големото изумирање претставуваат големите бројни