Откриена тајна стара 2.000 години

По повеќе од 2.000 години меѓународен тим на научници ја откри тајната на една од најдолговечните човечки креации-римскиот бетон. Древните Римјани биле врвни инженери.  Нивните патишта, храмови и многу други градби сеуште добро се држат и покрај сите непогоди во изминатите години. Една од нив е и Римската Порта.
Истражувачите од Италја анализирале 11 Порти на Медитеранот конструирани од римски бетон. Притоа Портите се стари повеќе од 2.000 години но се непроменети и покрај морските бранови.

Материјалот кој денес се користи воопшто не може да се спореди со римскиот бетон. Притоа, тој во море може да биде 50 години па да започне да еродира.
Тајната на овој бетон лежи во единствената формула на минерали и техниката на производство. Римјаните направиле бетон мешајќи вар и вулкански карпи. Додека пак за подводните градби користеле вар и вулкански пепел. Материјалот веднаш во морето предизвикува хемиска реакција, па така смесата веднаш се зацврстува.
Денешниот цемент трае само неколку децении. Но, прашањето е дали можеме денес да ја употребуваме формулата на древните Римјани?
По повеќе од 2.000 години меѓународен тим на научници ја откри тајната на една од најдолговечните човечки креации-римс

Пронајдете не на следниве мрежи: