Царинската управа на Република Македонија постојано работи на унапредување на системот на царинските мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, исполнувајќи ги своите надлежности во согласност со Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост. Спречувањето на шверцот на фалсификувани производи е од големо значење, бидејќи со тоа во голема мера се штитат здравјето на граѓаните и животната средина.Царинската управа и во 2016 година продолжи со успешно откривање и спречување на недозволена трговија и со посветена борба за заштита на правата од интелектуална сопственост преку различни активности и дејствија.
Во таа насока, Ве информираме за последните заплени каде е добиена потврда од носителите на правото на индустриска сопственост дека задржаните предмети се фалсификати. Во два одвоени случаи запленети се 557 парчиња шампони со лого на познати трговски марки, а во трет случај 26.496 пакетчиња бонбони за деца, сите со непроверен квалитет и со можност да бидат исклучително опасни по здравјето на луѓето.
Во првиот случај на 15 мај 2016 година мобилните тимови од Одделението за оперативни работи, на патниот правец Куманово – Табановце, при извршена контрола на патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, привремено задржаа 209 парчиња шампони за коса со лого на позната трговска марка, поради основано сомневање дека се фалсификати.
Во вториот случај на 24 септември 2016 година, исто така мобилните тимови при детален преглед на патничко моторно возило на патниот правец Неготино-Кавадарци, привремено задржаа 348 парчиња шампони за коса со лого на познати трговски марки.
Додека пак, во третиот случај, на 10 октомври 2016 година при извршен преглед од страна на царинските службеници во царинска испостава Гевгелија беа пронајдени и привремено задржани 26.496 парчиња бонбони во пластично пакување со потекло од Турција наменета за увозник од Скопје поради сомневање дека се фалсификати, односно, со својот изглед лесно можат да ги доведат до забуна потрошувачите за трговската марка која ја купуваат.
Во сите три случаи, поради основано сомневање дека се повредува правото од интелектуална сопственост, постапувајќи по своите законски надлежности, Царинската управа привремено ја задржа стоката. По увидот на стоката застапниците на заштитените трговски марки ја известија Царинската управа дека имаат добиено потврда од носителите на правото на индустриска сопственост дека задржаните предмети се фалсификати, односно истите ги повредуваат правата од индустриска сопственост и дека ќе преземат потребни дејствија за уништување, согласно законските прописи.
Исто така, и покрај тоа што постапката се уште нема конечен исход, значително е да се спомне дека Одделението за оперативни работи во два одвоени случаи привремено задржа 44.882 парчиња или околу 21.000 литри сок од различни вкусови со лого на позната трговска марка.
Врз основа на потврдена повреда на права од интелектуална сопственост, заклучно со септември 2016 година, под царински надзор беа уништени 146.056 парчиња разни фалсификувани производи, и тоа: обувки, текстилни производи, козметички производи, модни додатоци, стикери, детски играчки, рачни часовници, батерии, футроли за мобилни телефони, дијагностички уред за автомобили и др.
Царинската управа ќе продолжи да презема бројни активности за борба против фалсификатите и пиратеријата со цел заштита на животот, здравјето и безбедноста на своите граѓани, на македонската економија и буџет и на општеството во целина.Царинската управа и во 2016 година продолжи со успешно откривање и спречување на недозволена трговија и со посветена борба за заштита на правата од