Откриени се коски од митско суштество?!

Во Мијаконој во Јапонија, изложени се коски за кои се тврди дека му припаѓаат на митско суштество, водениот демон Капа, кого древниот фолклор го опишува како зелено суштество, прекриено со крлушки, со пловни кожички на нозете и наликува на човек.Научниците не потврдија дека станува збор за коските на воденото чудовиште, но многумина кои што имале прилика да ги видат се склони да поверуваат.
Капа, или „воденото дете“ во Јапонија има околу 80 различни имиња. На цртежите обично се прикажува како мало човеколико суштество со големина на дете, додека бојата на кожата му варира од жолта, преку разни нијанси на зелена, па се` до сино.
На главата има едно голо место, кое за време на излегувањето од водата мора да остане влажно, бидејќи во спротивно ќе ги загуби своите моќи, или дури и ќе умре. Се верува дека живее во реките, мочуриштата и езерата.

Некои веруваат дека во основата од легендата за Капа лежи јапонскиот џиновски саламандер ханзаки (Andrias japonicus), агресивен водоземец чија големина отприлика одговара на опишаната и кој со своите силни челусти може неочекувано од водата да го зграпчи пленот.
Мумифицираните остатоци кои моментално се изложени во местото Мијазаки на островот Кјушу, делуваат како рака и стапало со пловни кожички, а семејството Мијаконијо Шимазу, во чија куќа можат да се видат, ги добило како подарок во 1818 година, кога „Капа“ наводно бил убиен на брегот од една река. Стапалото е долго околу 8 cm, а раката околу 15 cm.Научниците не потврдија дека станува збор за коските на воденото чудовиште, но многумина кои што имале прилика да ги видат се склони да поверуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: