ОТКРИЕНО: САД им помагаат на украинските војници

САД ќе дадат три контра-батериски радари во вредност од илјади долари, но тоа е ситница во однос на тоа што Американците веќе испраќаат или допрва ќе им пратат на Украинците, тврди хакерската група „Киберберкут“.Според „Киберберкут“, САД сериозно ја снабдува украинската војска. Тие тврдат дека поседуваат тајни документи од Стејт департментот кои се сочувани на мобилни уреди, а му припаѓале на чиновник од опкружувањето на потпретседателот на САД Џо Бајден.
Тајните документи даваат реална претстава за обемот на американските финансии во украинската војска. Информациите се добиени за време на посетата на Бајден на Киев на 20 и 21 ноември. Од документите се дознава дека стотина илјади долари пристигаат на личните сметки на војниците, а одредени офицери ги користат средствата за лични потреби, пренесе „Мета“.
Во посебен документ, на кој е потпишан американскиот претседател барак Обама и државниот секретар Џон Кери, стои дека САД планира да и дадат на украинската армија контра-батеријски радари, но и друго вооружување. Украинското министерство за одбрана побара од САД 30,7 милиони долари за воено-техничка помош.
Според „ Киберберкут“, од овие средства треба да бидат обезбедени радио системи, системи за навигација, системи за набљудување за крајбрежната стража, роботи за набљудување, униформи и лична опрема, опрема за ноќно набљудување, топловизори и компјутерска опрема за Националниот воен универзитет во Украина.Според „Киберберкут“, САД сериозно ја снабдува украинската војска. Тие тврдат дека поседуваат тајни документи од Стејт департментот кои

Пронајдете не на следниве мрежи: