петок, 27 ноември 2026
Најново

Откриено срце старо 520 милиони години!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Научниците објавија дека пронашле фосил кој живеел пред 520 милиони години, со одлично сочувано срце и крвни садови.Овој исклучителен фосил, пронајден е во југозападната кинеска провинција Јунан. 
-Ретко се случува и навистина е необично така чувствителен органиски систем да биде сочуван во еден од најстарите фосили- изјавуваат експертите. 
Меките делови од телото на животните вообичаено брзо пропаѓаат после нивната смрт, така да воглавно се сочувуваат само тврдите делови. 
-Само во исклучителни околности, меките ткива се сочувуваат.

 
Имено, на овој фосил може да се забележи срце во средина на телото со разгранети крвни садови кои водат до очите, мозокот и нозете на животото.
Фосилот бил долг 11 сантиметри, имал неколку пара нозе и оклоп на глава но и неколку антени и ротирачки очи кои можеле да гледаат под различни агли. 
Живеел во плитките делови на морињата, а веројатно и умеел да плица и да оди по морското дно.

 Овој исклучителен фосил, пронајден е во југозападната кинеска провинција Јунан. 
-Ретко се случува и навистина е не

Поврзани вести