Откријте колку сте добри во кревет со помош на овој тест!

Решете го тестот и проверете колку оган носите со себе во спалната соба:

1. Како би го објасниле поимот „да се греши“?
а) Да се направи нешто лошо, но на своја штета.
б) Да се прекршат цврстите морални правила.
в) Забранетото овошје е најслатко.

2. Кому мора да му се допадне вашата гардероба?
а) Секому, вие сте модерна жена.
б) Само вам.
в) На личноста која ја сакате.

3. Партнерот бара да облечете секси облека.
а) Ќе прифатите, тоа ви се допаѓа.
б) Ќе прифатите, ама со тешко срце.
в) Никогаш не би прифатиле.

4. Дали се облекувате провокативно?
а) Не, не би ви било пријатно.
б) Не, тоа е вулгарно.
в) Често, тоа е женствено.

5. Што мислите за топлесот?
а) Никогаш не би покажале градите на плажа.
б) Често летувате топлес.
в) Би сакале така да се сончате, ама сметате дека градите не ви се баш за изложба.

6. Дали мажот што ви се допаѓа, во текот на разговорот, го гледате право во очи?
а) Не, секогаш го тргате погледот.
б) Секогаш и без срам.
в) Повремено, да.

7. Одите ли исправено, со високо подигната глава?
а) Да, баш така.
б) Сосем спротивно.
в) Само кога имате некоја цел.

8. Забележувате дека одите пребрзо бидејќи несвесно го следите оној покрај вас. Што ќе направите?
а) Ќе застанете или ќе успорите.
б) Ќе се извините, ќе успорите, а потоа ќе продолжите со исто темпо.
в) Ќе продолжите да одите по свое.

9. Дали ви се допаѓаат порно-филмовите?
а) Никако.
б) Помалку.
в) Само оние квалитетните.

10. Правилата за сексуални игри се исти за мажите, како и за жените?
а) Секако.
б) Не се, мажите презираат премногу слободни жени.
в) Не се, мажите отсекогаш имале поголема слобода.

11. Се шминкате:
а) Многу дискретно.
б) Колку што е потребно.
в) Секогаш сте нашминкани.

12. Прв пат танцувате со мажот кој ве привлекува. Како се однесувате?
а) Вкочанети сте.
б) Опуштени сте и на дистанца.
в) Заводнички.

13. Дали носите црна или проѕирна облека?
а) Црна да, проѕирна не.
б) Да, и двете.
в) Ни едното, ни другото.

14. Машкиот поглед, рацете… Дали се тоа нешта што можат да ве вознемират?
а) Ретко.
б) Никогаш.
в) Речиси секогаш.

15. Имате ли чувство дека машките ве соблекуваат со погледот?
а) Многу често.
б) Не баш често.
в) Никогаш не ви се случило.

16. Сакате ли да го набљудувате своето тело во огледало?
а) Да, така ја контролирате линијата.
б) Не, се срамите.
в) Ретко.

17. Сакате ли да се бакнувате и гушкате со пријателите?
а) Само со најдобрите.
б) Да.
в) Не, тоа главно го избегнувате.

18. На што помислувате кога ќе допрете свила?
а) На нешто возбудливо и грешно.
б) На мода и елеганција.
в) Тоа е само обична ткаенина.

РЕЗУЛТАТИ:
Најмногу одговори под А. Многу сте сензуални, ама ја сокривате својата еротска страна. Мислите дека повеќе ви одговара „платонска“ љубов, дека сексот е главно извор на компликации и дека не треба да го мешате со љубовта. Веројатно сте имале строги родители и сте претрпеле бројни забрани во детството. Да, можете да живеете сами, но во самотијата емоциите отупуваат.
Најмногу одговори под Б. Во целост ја негирате својата еротска свест. Со порекнувањето на сексуалноста ги прикривате емоциите и ги држите под контрола своите скриени импулси. делувате како студена жена, неспособна за емоции и страст. Можеби не сте го сретнале вистинскиот, а кога тоа ќе се случи, ќе се промените.
Најмногу одговори под В. Вашата сексуалност не е слаба, но постои извесна блокада што не ви дава потполно да се опуштите. Се трудите да ја потиснете својата женственост и своето вистинско „јас“. На површина допуштате да излезе само она што го сметате за пригодно. Таквата цензура сигурно ви пречи и вам, и на партнерот. Дозволете и на својата сексуалност почесто да излезе на површината.

Пронајдете не на следниве мрежи: