ОТКРИВАМЕ: Последните шест дена на Ивана Бодражиќ

Соба 326 во хотелот Хајат  10. декември 2014. Ивана Бодражиќ е во неа четири дена. Нервозна е, ненаспана. Излез од хаосот бара во кокаинот.Којзнае колку пати и во колкава количина земала. Тоа не ѝ е доволно. Со денови претходно пиела лексилиум, салвал, белбиен, но сега не застанува на тоа. Го бара пријателот од ВМА и бара пропофол. Тоа било кобно. Полицијата утредента ја пронашла полугола, мртва покрај креветот со канила и шприц во раката.
Ова е сликата која може да се состави на основа на полицискиот извештај за завршната истрага во врска со нејзината смрт кој е испратен во обвинителството.
Откриени се сите тајни на Ивана. Како живеела послените две години, каков однос имала со мајка ѝ, нејзините емоции, страст, тага, бес… Испливала вистината за нејзината емотивна врска со сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ, но и нејзините проблеми со наркотиците и опијатите.
Нервозна и бесна
Живеела бурно, постојано била на патувања, журки, забави. И постојано била уморна. Затоа помош побарала од Софија Шуаиб од Белград, медицинска сестра на одделението за будење во ВМА. И таа исто така, по сопствено признание во полицијата, имала проблем со опијати.
„Тоа беше пред пет години. На почетокот и давав инфузии со витамински коктели, главно кога се враќаше од долги патувања. Пред две години ме замоли да и набавам анестетик „пропофол“, биејќи мала проблеми со спиењето. Се согласив. Преку познаник во наредните година и пол ѝ давав анестетик на 15- 30 дена. Еднаш ми призна дека самата зела од анестетикот“, изјавила медицинската сестра во полиција.

Сето тоа траело така се додека не ги затекнала мајката на Ивана, Неда  Бодражиќ.
„Тоа беше во станот на Ивана. Неда се закани дека ќе не пријави во полиција. Ивана беше бесна биејќи не сакав повеќе да и носам од анестетикот, викаше по мене. Го прекинавме контактот. Се до три дена пред нејзината смрт“, додала Софија.
Ивана била во паника. Без пропофолот повеќе не можела да спие. Се сетила на Љубиша Павловиќ Буки, анестезиолог на Клиниката за ургентна интерна медицина на ВМА.

„Ивана тогаш дојде кај мене по медицинска опрема, наводно за нејзината болна мајка. Од тогаш ме бараше и по десет пати дневно. Еднаш ме праша дали можам да и набавам анестетик за нејзината мајка која боледува од карцином. Реков дека тоа чини 100 евра, но никогаш не ѝ дадов, продадов или доставив од анестетикот, кој ми е достапен на работа“, рекол Љубиша во полицијата по смртта на Ивана.
За нејзината зависност од анестетикот знаела и нејзината мајка Неда Бодражиќ, пратеничка во војводинското собрание.
„Го земаше од време на време. Наоѓав ампули во станот во Белград. Ја затекнував Софија која ѝ ги даваше инфузиите со витамини, но не сум сигурна дека ѝ давала пропофол. Но сигурна сум дека од  април не го земала тој анестетик, беше под моја контрола во Нови Сад“, раскажала Неда.
Таа прва ја отворила приказната за емотивниот однос на Ивана со Жељко Митровиќ.
„Потполно сум запознаена со емотивната врска на Жељко и мојата ќерка. Знаев дека Ивана е во апартманот 326. Во Белград главно одеше за да се види со Жељко. Последен пат се слушнавме преку пораки на 8 декември, тогаш требаше да дојде дома, но не ми кажа поради што го одложи доаѓањето…
Митровиќ: Спиев со Ивана во собата 326
Емотивната врска со Ивана ја признал и Жељко Митровиќ. Тој во полицијата на 17 декември открил детаљ, кој до денес бил потполна тајна. Во апартманот 326, ноќта помеѓу 6 и  7  декември, четири дена пред смртта на Ивана, ја поминал ноќта со нејзе.
„Бевме во повеќе од пријателска врска со Ивана. Се дружевме, соработувавме приватно и професионално. Во последно време, кога доаѓаше во Белград, престојуваше во апартманот. Еда ми кажа дека Ивана користи пропофол и дека го набавува преку Софија  од ВМА. Познато ми е дека користела кокаин,  но главно на журки. Не знаев дека го користела анестетикот последните месеци. Со Неда се договорив Ивана да се пресели кај нејзе во Нови Сад, за таа да ја причува“, раскажал Жељко.
„Таму бев и на 6 декември, кога последен пат се видов со Ивана. Ја поминавме ноќта заедно се разделивме утредента околу 14 часот. Во Хајат бев и на 10 декември, со сопругата и децата на прославата на роденденот на Вељко Ражнатовиќ. Од прославата заминав пред полноќ. Таа вечер не се видов со Ивана“, раскажал Жељко, чие ме и матичен број Ивана го имала истетовирано на своето тело.

Кобна доза
Ден по разделбата со Жељко Ивана повторно не можела да заспие. Панично бара лекови за смирување. Повторно ја бара Софија.
„Ме побара неколку пати. Бараше од мене да ѝ донесам лекови за смирување. Отидов во Хајат, на рецепција уредно се пријавив и Ивана ме пушти во собата. Ѝ дадов лекови кои и самата ги користам. Зема лексилиум, салвал, белбијен. Незадоволна од тоа, почна да вика. Ме навредуваше. Излегов од апартманот и тоа беше нашиот последен контакт“, изјавила Софија.

Следните два дена ивана успеала да се задоволи со лекови, но ден пред смртта ѝ требало нешто посилно. Го побарала Љубиша.
„Ми бараше помош бидејќи има страшни главоболки. Дојдов до хотелот и ја однесов на ВМА, за да  ѝ дадат инфузија. Од девојка на дежурна служба побарав да ѝ стави канила, за подоцна да ја прегледа доктор. Отидов до својата клиника, се вратив и ја видов Ивана во чекалницата. Ја поздравив и отидов дома“, ја раскажал својата верзија Љубиша.
Излажал. Го фатиле камерите на ВМА. На снимките се гледа дека заминуваат заедно. Имало и сведоци. Девојката која ѝ ја ставила канилата на Ивана ги видела како заминуваат задно.
„Љубиша дојде со младата девојка. Ме замоли да ѝ ставам канила. Рече дека подоцна ќе ѝ даде инфузија бидејќи има главоболка. Немав соодветна игла, па Љубиша отиде до својата клиника. Но, додека се врати веќе ѝ ја ставив онаа која ја имав. Пота тие заминаа“, раскажала медицинската сестра Бранка Алексиќ.
„Љубиша ѝ го дал пропофолот на Ивана. Оставил ДНК на скршената, искористена ампула од анестетикот, како и на кутијата на овој лек. Ивана е пронајдена утредента мртва во 10 часотКојзнае колку пати и во колкава количина земала. Тоа не ѝ е доволно. Со денови претходно пиела лексилиум, салвал, белбиен, но сега не застанува на

Пронајдете не на следниве мрежи: