Ромите кои по осум месеци работа во бегалскиот камп „Винојуг“ во Гевгелија биле отпуштени, денеска протестираа пред Министерството за труд и социјална политика.– Дојдовме овде да го изразиме нашето незадоволство од министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски која без причина ги остави овие 44 лица без работа, рече Ѓорѓи Пакетов еден од отпуштените работници.
Тие побараа од министерката да појасни поради која причина се отпуштени.
– Бараме да ни каже зошто сме избркани од кампот и не остави без работа. Си наметна свои партиски цели. Никој од нас не е партиски определен. Бараме да ни се продолжи договорот за работа, додаде Пакетов.
Претставници на лицата кои протестираа беа примени од министерката Ташевска Ременски.– Дојдовме овде да го изразиме нашето незадоволство од министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски која без причина г