Токсинот мелитин, кој се наоѓа во пчелиниот отров, може да го уништи ХИВ вирусот со тоа што прави дупки на обвивката на вирусот, пишува The Huffington Post.Наночестички помали од вирусот ХИВ вбризгани се со пчелин отров, а на површината на наночестичките дополнително е додаден заштитен одбојник кој ги одбива нормалните честички и ги остава неоштетени.Нормалните келии се поголеми од оние на ХИВ вирусот, па наночестичките без проблем ги нишанат молекулите на ХИВ, затоа што е толку мал што може да го собере меѓу одбојниците.„Мелитинот на наночестичките се спојува со обвивката на вирусот и го дупчи и го уништува вирусот. Директно физички го напаѓаме вирусот и тој нема никакви шанси да се прилагоди на тоа. Вирусот мора да има заштитна обвивка, двослојна мембрана која го прекрива“, вели водачот на истражувањето Џошуа Л.Худ.Ова откритие може да доведе до развој на вагинален гел кој може да се користи како превенција од ХИВ.„Се надеваме дека на неколку места на кои ХИВ се шири брзо, луѓето ќе можат да го користат овој гел за да ја пречат можната инфекција“, вели Худ.Студијата е објавена во магазинот Antiviral Therapy, а стигна веднаш по веста дека двегодишно девојченце е излечено од вирусот. ХИВ беше дијагностициран кај мајката за време на пораѓањето, а детето примило три терапии со лекови за само 30 часа по раѓањето, пред тестовите да потврдат дека и тоа е заразено. Сега тоа има две години и веќе една година не прима лекови, а не покажува знаци на зараза.Повеќе од 34 милиони луѓе денеска живеат со ХИВ/СИДА, а од тие 3,3 милиони се помлади од 15 години.Токсинот мелитин, кој се наоѓа во пчелиниот отров, може да го уништи ХИВ вирусот со тоа што прави дупки на обвивката на вирусот, пишува The HuffingСтудија од Медицинскиот факултет во Сент Луис покажала дека пчелиниот отров може да го уништи ХИВ вирусот.
Пронајдете не на следниве мрежи: