Отштета од Втората светска војна: Русија бара 4 билиони евра од Германија!

Михаил Дегјатаров, кој е пратеник на Либерално-демократската партија на Русија, вели дека оваа иницијатива е одговор на економските санкции што САД и ЕУ ги воведоа кон Русија поради Крим и поддршката за проруските сили во источна Украина.Според неговите зборови, СССР по конференцијата во Јалта ѝ го вратил имотот на Германија: мебел, облека и индустриска опрема, како и воениот плен, но „СССР не побарал економски надомест“.Тој оцени дека Германија и понатаму продолжува да ѝ нанесува штета на Русија, бидејќи се приклучува кон економските санкции на ЕУ“.„30%од нашата земја и националното богатство беа уништени за време на војната, а беа уништени 1.710 големи советски градови, повеќе од 70.000 помали руски градови и села, 32.000 индустриски зони. Вкупно 100.000 фарми беа целосно уништени“, изјави Дегјатаров, мислејќи на податоците што одборот на Сталин ги собрал по војната.Според неговата изјава, оваа материјална штета изнесува 600 милиони долари и додаде дека „Германија плаќа компензација за шесте милиони жртви на Холокаустот, а ги игнорира 27-те милиони убиени советски граѓани, од кои 16 милиони биле цивили“.Михаил Дегјатаров, кој е пратеник на Либерално-демократската партија на Русија, вели дека оваа иницијатива е одговор на економските санкции шт

Пронајдете не на следниве мрежи: