Отварање на МТФ Скупи Фестивал со „Шопинг и факинг“ и „Крај на љубовта“

Утре, 27.10.2015, ќе се отвори деветто издание на МТФ Скупи Фестивал на сцената на Младинскиот Културен Центар во Скопје. Почетокот на фестивалот ќе го обележат две камерни претстави, „Шопинг и факинг“ и „Крај на љубовта“, кои ќе се прикажат од 20.00 и 22.00 часот.„Шопинг и факинг“ – 20.00, Младински Културен Центар
Прочуениот тескт „Шопинг и факинг“ на Марк Равенхил е првата драма во историјата на театарот кој станала позната по својот наслов. Напишана во 1996 година, како дел од театарското движење  “In your face theater”, преведена е на повеќе светски јазици, а режисерот Фатос Бериша за прв пат ја поставува за албански јазик како копродукција на Националниот театар на Косово и Урбан театар Приштина.
Овој текст често е опишуван како шокантен наратив за моралот во неморални времиња, уникален сценски портрет за дехуманизирана генерација на младите, распаднатипоради социјалната и економска злоупотреба.
Место како шопингот е секси, а сексот е работа, „Шопинг и факинг“ ни дава продорен и духовит поглед на корозивниот свет во кој живееме, опишувајќи го како нималку идеален.

„Крај на љубовта“ – 22.00, Младински Културен Центар
„Крај на љубовта“ на режисерот Ивица Буљан, во копродукција на Мини Театар и Местно  гледалиште Птуј – Словенија, Ново казалиште и Задар снова – Хрватска, е емотивна драма за крајот на љубовта на двојка која се обидува да ја заврши својата приказна.
Одличните актери, Пиа Земљиќ и Марко Мандиќ, кои се заедно и надвор од сцената, ќе стават крај на својата љубовна врска на сцена. Водени од гнев и силата на разделбата, преку говор и движење двајцата актери ќе подигнат бодликава жица меѓу себе и ќе се обидат да се спасат од виорот во кој се вовлечени и во кој се вовлекуваат меѓусебно.

Во наредните шест дена публиката ќе има прилика да види осум различни претстави, од кои секоја со себе носи различна приказна и интензитет. Целосната програма можете да ја проследите на https://www.facebook.com/events/961618973884592/ и https://skupifestival.org.mk/mk/manifestime/itf-skupi-festival-2015-2
Билетите можат да се купат од утре, по цена од 150 денари на билетарницата на Младинскиот Културен Центар во Скопје, или пак да се резервираат на[email protected].„Шопинг и факинг“ – 20.00, Младински Културен Центар
Прочуениот тескт „Шопинг и факинг“ на М

Пронајдете не на следниве мрежи: