Отворање на изложбата Македонија во Првата светска војна, во Воениот музеј во Стокхолм – Шведска

Во рамките на соработката на Државниот архив на Република Македонија со Воениот музеј во Стокхолм, Кралството Шведска, Државниот архив на Република Македонија подготви изложба, насловена „Македонија и Првата светска војна“, која ќе биде отворена на 25 ноември 2015 година во 15:00 часот, во Воениот музеј во Стокхолм.На отворањето на изложбата свое обраќање ќе имаат г-ѓа Александра Наќева Ружин, амбасадор на Република Македонија во Кралството Шведска и г-ѓа Ева-Софи Ернстел, директор на Воениот музеј во Стокхолм, а предавања за Балканските пропаганди и последиците од нив за Македонија до 1918 година, ќе имаат д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија и д-р Александар Стојчев, директор на Воениот музеј на Република Македонија.
Оваа изложба е дел од проект на Воениот музеј во Стокхолм, започнат уште во 2014 година, а по повод одбележувањето на 100 годишнината од почетокот на Првата светска војна.
Во рамките на тој проект, Воениот музеј во Стокхолм досега ги претстави изложбите на Австрија, Холандија и Србија, а во моментот се во подготовка изложбите на Русија, Белорусија и Чешка. Планирано е изложбите на оваа тема да се одржуваат во текот на наредните четири години, како симболика на траењето на Војната.
Изложбата „Македонија и Првата светска војна“ ќе биде презентирана во периодот од 25 ноември 2015 година до февруари 2016 година, а целта е преку истата да се претстават политичките, културните и економските состојби во Македонија во периодот на Првата светска војна, настаните кои претходеле на тој период, како и учеството на македонскиот народ во војната.
Со оваа изложба Државниот архив на Република Македонија се вклучува во одбележувањето на 100 годишнината од Првата светска војна преку презентирање на архивските документи што се чуваат во депоата на Архивите во Македонија.На отворањето на изложбата свое обраќање ќе имаат г-ѓа Александра Наќева Ружин, амбасадор на Република Македонија во Кралството Шведска и г-ѓа

Пронајдете не на следниве мрежи: