Денеска, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, во рамките на ВИП тениските терени, со почеток во 10:00 часот, се одржа првиот бесплатен и отворен час по тенис, на кој од 9-ти до 13-ти мај, сите заинтересирани лица од 6 до 18 годишна возраст, имаа шанса да се пријават и да бидат дел од него.Овој спортски настан насловен како „Ајде да играме тенис“, беше под водство на двајца професионални тренери по тенис, кои на присутните им покажаа и презентираа дел од основните спортски вештини на овој спорт.
– На сите присутни учесници денес, кои беа формирани во групи од страна на професионалните тренери по тенис, во соодветни услови им беше овозможено подобро да се запознаат со убавините на тенисот како спорт за време на првиот отворен час, „Ајде да играме тенис“. Искусните тренери за време на оваа бесплатна професионална обука, на сите млади лица, кои се пријавија да бидат дел од овој денешен настан, воведно и со стручен пристап, им ги пренесоа и им ги споделија основните правила на тенисот. Позитивно сум изненаден од големата заинтерсираност и одзивот од страна на граѓаните, поточно од младите вљубеници во тенисот. Тие денес се покажаа како големи спортски ентузијасти и без разлика што повеќето се почетни рекреативци, тие покажаа дека се пример за сите граѓани, за тоа колку е важно вклучувањето на физичката активност во секојдневните обврски, посебно за здравјето, како на краткорочен, така и на долгорочен план. „Ајде да играме тенис“ е новитет во постоечката богата програма на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, и ние се надеваме дека истиот ќе биде мотивација за секое заинтересирано лице, да започне или да продолжи да биде физички активен, токму за време на најважниот период од развојот – изјави Златко Перински, директор на СЦ „Борис Трајковски“.Овој спортски настан насловен како „Ајде да играме тенис“, беше под водство на двајца професионални тренери по тенис, кои на присутните