ОТВОРЕН ДЕН ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР „ПОРАКА“

Денеска /04.12.2015 година, петок/ градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски присуствуваше на отворениот ден во Дневниот центар за лица со попреченост во Капиштец.Отворениот ден во дневниот центар се организира во рамки на активностите на центарот за одбележување на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Истиот има за цел подигнување на степенот на познавање и разбирање на потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост и да се зголеми свеста за позитивните придобивки од нивното вклучување во секојдневниот живот на заедницата.
 
За континуираната поддршка и залагања претставниците на Дневниот центар Порака доделија благодарница на Град Скопје, која ја прими градоначалникот Трајановски.
 
– Со отворањето на сервисна служба за поддршка на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства во локалната заедница, Град Скопје ги потврдува своите заложби за обезбедување подобри услови за лицата со посебни потреби и воедно се надоврзува на приоритетот на Министерството за труд и социјална политика за развивање на мрежата на дневни центри за лица со интелектуална попреченост. Токму затоа е потребно да се поддржува работата на постојните и да се отвораат нови, кажа градоначалникот Трајановски.
 
Град Скопје во континуитет ја поддржува работата на двата дневни центри за лица со попреченост во Скопје, кои се отворени како резултат на заедничката иницијатива на Градот Скопје со Министерството за труд и социјална политика и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА” Скопје. Град Скопје финансиски ја поддржува работата на двата центри преку годишна поддршка од 2 милиона денари за дневниот центар во Аеродром и 400 000  денари за дневниот центар во Капиштец, како и преку финансирање за реконструкции на просториите во двата центри, набавка на опрема и инвентар и слично.
 
Дневниот центар Порака денеска доделија благодарница и на Општина Прилеп, амбасадор на Република Италија во Република Македонија Ернесто Масимо Белели, „Добредојде – Macedonia Welcome Centre”, Винарска Визба „Тиквеш“ и Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.
Благодарници за поддршката што ја даваат за вклучување на лицата со интелектуална  попреченост во секојдневниот живот на заедницата, на Градоначалникот  Коце Трајановски и на Градот Скопје им доделија  и „Добредојде – Macedonia Welcome Centre”.Отворениот ден во дневниот центар се организира во рамки на активностите на центарот за одбележување на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на

Пронајдете не на следниве мрежи: