Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вчера (08.04.2016 година, петок) во Музејот на македонската борба свечено го отвори ИКАС 2016, една од најстарите и најквалитетните традиционални спортски манифестации во градот Скопје и во Република Македонија.- Срдечен спортски поздрав за добредојде до учесниците и до организаторите на годинешниов, 48-ми по ред Илинденски Кајак-Слалом. Ретки се ваквите манифестации, кои по својот квалитет и атрактивност, успеаја да го зачуваат континуитетот во привлекувањето на публиката, но и на исклучително квалитетните натпреварувачи од регионот и од Европа. Годинава сме домаќини на кајакарите од 15 европски држави, коишто и овојпат, со своите вештини и храброст, на скопската публика овие два дена ќе и овозможат викенд за паметење. Така беше и во 2014 година, кога Кајакарската федерација на Македонија и градот Скопје беа домаќини на една прекрасна манифестација – Европското првенство во кајак слалом за јуниори и сениори, кога на патеката во Матка беа пријавени околу 400 кајакари од 30 европски држави. Токму поради успешната и упорна работа на нашата Кајакарска федерација, во соработка со Агенцијата за спорт и млади и со Градот Скопје како покровители, промоцијата и афирмацијата на овој исклучително тежок и атрактивен спорт во нашата држава оди по нагорна линија, со што особено можеме да се гордееме. Како и минатата година, така и овојпат, во рамки на ИКАС, на оваа патека повторно ќе се одржи десетдневен тренинг – камп, во кој ќе учествуваат околу 200 кајакари, а новост годинава ќе биде и Европскиот куп во спуст, исто така, во склопот на главната манифестација. Како Градоначалник на градот домаќин кој ја поддржува и ќе ја поддржува оваа манифестација, искрено Ве поздравувам и Ви пожелувам добри резултати, добро дружење и забава, а в година да се видиме во уште поголем број, истакна градоначалникот Трајановски.
Квалификационите натпревари за учесниците на ИКАС се одржаа вчера и денеска (петок и сабота), а финалните натпревар се утре 10 април, недела. Град Скопје финансиски го подарува „ИКАС 2016“ со 190. 000 денари.
ЈСП –Скопје за љубителите на кајакот ќе организира бесплатен автобуски превоз денеска и утре (недела), во 9 и во 11 часот од Скопје кон Матка и враќање во 16 и во 18 часот од Матка за Скопје.
На средување на просторот околу патеката работеа и екипи на ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „ Паркови и зеленило“ за да го направат попријатен амбиентот за сите присутни на оваа голема спортска манифестацијата.- Срдечен спортски поздрав за добредојде до учесниците и до организаторите на годинешниов, 48-ми по ред Илинденски Кајак-Слалом. Ретки се ваквите м