Отворен нов приватен Дом за згрижување на стари лица во општина Кисела Вода

 
Мерките на Владата насочени кон поттикнување на инвестиции во капацитети за сместување на стари лица даваат резултат. Досега со користење на поволностите се отворени 21 приватен дом во Р.Македонија кој го зголемија капацитетот за сместување на стари лица а воедно влијаеа и врз намалувањето на невработеноста и отворија нови 285 работни места.Ова го истакна Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска, кој заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, присуствуваше на отворањето на 21-от приватен дом за стари лица Лабос во Кисела Вода и најави дека уште шест нови приватни домови за стари лица се во постапка на основање и набрзо се очекува да почнат со својата дејност.-Овие новоотворени приватни домови за стари лица не само што го зголемуваат капацитетот за згрижување на стари лица, што е и најважен ефект што се постигнува со поволностите на Владата, туку, исто така и самата конкуренција влијае за намалување на цените и континуирано подобрување на условите за згрижување на стари лица во домови, изјави Спасов.
Истакна дека овие приватни домови отворија 650 легла за сместување на стари лица и значаен број на работни места и оти тоа ги мотивира да продолжат и понатаму со реализација на поволностите и мерките што ги нуди Владата.-Сите заинтересирани инвеститори можат да ги искористат поволностите, односно евтината цена на градежно неизградено земјиште со почетна цена од 1 евро за метар квадратен, намалените комуналии за изградба на ваков објект за 95 проценти, поволностите преку мерките за вработување, како и проектот “Македонија вработува” и најновиот грант за отворање приватен дом за стари лица со 12 500 евра како финансиска помош и отворање на капацитет за 40 лица и минимум нови четири работни места, истакна министерот за труд и социјална политика.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ истакна дека е ова втор дом на “Лабос” на територијата на оваа локална самоуправа и оти тој нуди можност да опфати возрасни лица и од околните места и општини. Изрази задоволство што ова е високо енергетски објект кој ги запазува сите стандарди и позитивно влијае врз животната средина.

– Денес во општина Кисела Вода се отвора нов Дом за нега и грижа на стари лица кој значи чекор напред во подигнувањето на стандардите за згрижување на лица од третото доба. На многу стари лица им е потребна дополнителна нега, дополнителна грижа која ваквите институции им ја овозможуваат.  Дополнително, посебно сме сме задоволни што и греењето се одвива преку котли кои работат со пелети, и со колектори, што значи дека се запазени мерките за енергетска ефикасност, што е едно од основните приоротети на општина Кисела Вода-истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Според претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери, Драги Аргировски со отворањето на овие приватни домови се решава проблемот од недостиг на сместувачки капацитети за возрасни лица.
-Со профункционирањето на овие 21 приватни старски домови двојно е зголемен капацитетот на досега постоечки 4 пензионерски домови за само 450 лица, рече Аргировски.
“Лабос” работи веќе 13 години, со првиот дом отворен во населбата Кисела Вода. Сопственичката Сузана Мајнова истакна дека поради зголемената побарувачка на капацитетот се одлучиле да направат нов што ќе биде по европски стандарди.-Овие новоотворени приватни домови за стари лица не само што го зголемуваат капацитетот за згрижување на стари лица, што е и најважен ефект што се

Пронајдете не на следниве мрежи: