Со цел поттикнување на креативноста, отвораме повик за сите креативни јунаци да бидат дел од втората рунда на “ДИЗАЈН ПРЕДИЗВИК”. Играта на креирање “ДИЗАЈН ПРЕДИЗВИК” е игра, замисленa со невообичаени ограничувања, правила и материјали да се создаде УНИКАТЕН ДОДАТОК ЗА ВЕЛОСИПЕД.Ги повикуваме сите заинтересирани апликанти, без ограничување на искуство и образование, да се пријават најдоцна до 08 ноември.
Воедно ве известуваме дека од сите пристигнати апликации ќе се изберат вкупно седум најсоодветни т.е. најкреативни лица. Секој од овие седум учесници засебно, ќе добие пакет со материјали, алат како и правила на игра, за да го создаде својот уникатен ДОДАТОК ЗА ВЕЛОСИПЕД.
Понатаму селектираните учесници, работејќи во свој личен простор, ќе имаат рок од точно десет дена да изнајдат свое решение за пристап на зададената задача, следејќи ги правилата на игра. Во текот на овој работен период, нивниот процес на размислување, експериментирање и избор на соодветен пристап ќе биде менториран од страна на организаторите, дизајнерките на накит Јана Ацевска /www.kapka.mk/ и Мима Пејоска /www.mima.com.mk/ а воедно и документиран на веб страницата www.designtatamata.com.
На крајот од овaa игра/предизвик, сите дела ќе бидат презентирани во “online галеријата”, но и на изложба каде и официјално ќе заврши играта.
Напоменуваме дека секој од избраните учесници ќе добие паричен надоместок за својата креација како и можност да го продаде делото.
Доколку имате интерес за овој интригантен предизвик, не ја пропуштајте можноста и испратете ја вашата апликација преку веб страницата www.designtatamata.com најдоцна до 08 ноември.Ги повикуваме сите заинтересирани апликанти, без ограничување на искуство и образование, да се пријават најдоцна до 08 ноември.
Воедн