Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, го отвори Пролетниот базар на домашни ракотворби, којшто денеска и утре /19 и 20 мај 2016 година, четврток и петок/ се одржува на Плоштадот „Филип Втори“. На пролетниот базар се изложени многубројни домашни ракотворби, а ќе бидат претставени и голем број занаети.- Одржувањето на Пролетниот базар претставува убава можност да го истакнеме значењето на занаетчиството и занаетчиското производство, како фактор за економски развој и дел од нашата култура и традиција. Целта на овој настан е да се истакне значењето на занаетчиите за стопанството и значењето на средното стручно образование, практичната обука и стекнувањето вештини и компетенции, а се со цел да ги поттикнеме младите да се запишуваат во средните стручни училишта. Исто така, имаме цел да се промовираат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и можност за вработување, како и да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производство и да се поттикне размената на искуства и знаење на занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските производи и услуги и зголемување на туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на Град Скопје – рече градоначалникот Трајановски.
Претседателот на Занаетчиската комора-Скопје, Никола Петров истакна дека манифестацијата користи за развој на занаетчиството и изрази благодарност до Град Скопје за континуираната поддршка на занаетчиството. Петров најави дека во соработка со Град Скопје во иднина ќе настојуваат да организираат што повеќе базари на повеќе локации во Скопје.
Во рамки на оваа традиционална манифестација ќе се промовираат изработките на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, плетиво, изработки од камен и цртање украси на камења, изработки на производи од филц и декоративни украси и облека од филц, цртање чаши со македонски мотиви, уникатни изработки на цветни аранжмани од бонбони.
На пролетниот базар денеска беше избран и најавтентичен сувенир за Скопје.
Организатор на пролетниот базар е Занаетчиската комора Скопје, а покровител на манифестацијатa е Град Скопје.- Одржувањето на Пролетниот базар претставува убава можност да го истакнеме значењето на занаетчиството и занаетчиското производство, как