Отворен традиционалниот шаховски турнир за пензионери

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски и Претседателот на Здружението на пензионери на град Скопје, Методија Новковски, го означија почетокот на традиционалниот шаховски турнир на пензионерите на град Скопје. 
Градоначалникот Трајановски на приустните им го честита 13 Ноември, денот на ослободување на Скопје и им пожели среќа и добра игра на учесниците во турнирот.
За континуираната поддршката во развојот на пензионерското организирање во Македонија, претседателот Аргировски му додели плакета на градоначалникот Трајановски.
Традиционалниот шаховски турнир на пензионерите на град Скопје се одржува секоја година во чест на 13 Ноември, денот на ослободување на Скопје и на него учествуваат повеќе од 200 натреварувачи во машка и женска категорија од 14 здруженија од Скопје.
Учесниците на турнирот ќе добијат благодарници, додека најдобрите натпреварувачи ќе добијат дипломи.
Покровител на шаховскиот турнир на пензионерите на град Скопје е градоначалникот на Град Скопје.
 
  
Градоначалникот Трајановски на приустните им го честита 13 Ноември, денот на ослободување на Скопје и им пожели среќа и до

Пронајдете не на следниве мрежи: