Отворена изложбата „Сараево во Скопје – Пријателство што трае“

Вчеравечер, во рамки на 35-то Скопско лето 2014, во Музејот на град Скопје, беше отворена меѓународната изложба на уникатен накит, слики и скулптури „Сараево во Скопје, пријателство кое трае“ на уметниците: Миа Хебиб, Адин Хебиб и Едина Селесковиќ од Босна и Херцеговина.На изложбата присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како и амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во нашава земја Н.Е. Здравко Беговиќ и амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. Гудрун Штајнакер, во чијашто организација се реализира оваа специфична изложба.
-Градот Скопје со години наназад го негува пријателствот и контактите со Градот Сараево, град со кој имаме многу сличности и со кој не поврзуваат, меѓу другото, историјата, обичаите, мултикултурализмот, музиката, храната и секако двете стари чаршии – два бисера на Балканот, во кои и до ден денес се негуваат традициите. Градовите Скопје и Сарево негуваат пријателски врски и соработка која беше зацврстена со потпишувањето на Спогодбата за соработка меѓу двата града во 2007 година, кога беа и дефинирани целите и областите на соработка, а кои се од надлежност на двете локални самоуправи. Културата несомнено е една од овие области, но нашите два града имаат можности за соработка и размена на искуства и знаења и во: образованието, спортот, здравството, социјалната заштита, сообраќајот, туризмот, младинските прашања, комуналните дејности, животна средина, меѓународни односи и други подрачја и области што се од заемен интерес. Културата влегува во областите без кои оваа соработка и не би била можнa, којашто меѓу уметниците, културните работници и институциите од Македонија и Босна и Херцеговина, се одвива и гради над 70 години, рече градоначалникот Трајановски.
Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Беговиќ, парафразираше мисла од големиот писател и нобеловец Иво Андриќ, објаснувајќи ги тројцата уметници, автори на изложбата како вонвременски творци, па рече дека најдобри уметници се оние кои во целост го отсликуваат времето во кое творат, но врвни уметници се оние во чиишто дела и во иднината се отсликува и препознава времето во кое што твореле тие. Тој потенцираше дека се надева дека и во иднина соработката помеѓу Сараево и Скопје ќе продолжи и ќе се интензивира, а авторот Адин Хебиб се заблагодари за тоа што Скопско лето и Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, му ја исполниле желбата оваа изложба да се реализира и во Скопје.

 

Адин Хебиб е академски сликар, роден во 1955 година во Мостар. Оваа година прославува 35 години успешна ликовна работа. Се школувал во Мостар и Белград, а завршил во Париз во класата на проф. Борис Цикаловски, каде што од 1983 до 1985 год. специјализира експресионизам. Неговиот богат опус на слики и графики опфаќа сценографии, плакати, илустрации на книги и монографии. Адин Хебиб има добиено 11 европски први награди за графички дизајн. Добитник е и на низа други стручни награди и признанија: 1984 – прва награда на изложби за млади сликари во Ниш, во 1986 год . добива медал за уметничко дело и презентација на визуелно наследство „IG medal” во Карлсруе, 1987 – прва награда за плакат и сцена на театарскиот фестивал „Стеријно позорје” за „Наш мал град“ во режија на С. Жигон. Во 1998 за уметничка монографија во Бретен – „Europa Union Deutschland”, 2004- прва награда за новогодишната поштенска марка „Живот“, а во 2009 година награда за изложба на годината во Љубљана. Приредил над 40 самостојни изложби во земјите на поранешна Југославија и во странство (Бретен, Карлсруе, Осло, Бон, Дизелдорф, Баден-Баден, Инсбрук, Каиро, Бриж, Кувајт, Франкфурт, Љубљана, Загреб, Сараево, Копенхаген, Лондон, Њујорк и многу други). Делата на Адин Хебиб се наоѓаат секаде низ светот. Посебно е горд на муралите кои се наоѓаат во Вашингтон „Исповеди на Босна и Херцеговина“ 1998 година, комбинирана техника, 5,40×2,40m. Заедничката работа со Миа Хебиб, Едина Селесковиќ и Адин Хебиб на кулата „Плава Призма“ – Аваз бизнис центар, комбинирана техника, 3,20×2,50m. „Мојот живот во 50 слики“, како и муралот „Настанокот на планетата земја“ 19,20×6,50m од 2004 во истиот објект во кој работел со Едина Селесковиќ (Њујорк). Мурал во претставништвото на Кока-Кола во Сараево „Историја на БиХ“, 2000 година, комбинирана техника, 2,20×6,20m и муралот „Elements “ – Импортане центар во Сараево „Амерички сон на босански начин“ 2008, комбинирана техника 2,63×4,12m. Откупените дела се наоѓаат во: Ватикан, Греманскиот президиум, Загреб, Гетебург, Инсбрук, Осло, Истанбул, Сарајево, Бретен, но и кај многу познати јавни личности и државници од целиот свет.
Миа Хебиб со интерес ги истражува сите 360 степени во дизајнот на накитот. Родена е во Босна и Херцеговина, израсната во Хрватска каде што ја започнала својата едукација за изработка на накит и дизајн во школата за Применета уметност и дизајн во Загреб,а 1996 година се преселила во САД. 2001 година дипломира на Savannah College of Art and Design, на отстекот на дизајн на метал и накит. Подоцна Миа се преселува во Њујорк, каде што ја започнува својата кариера во дизајн индустријата. Нејзината амбиција во Њујорк еволуирала во дизајнерка на накит за модните креатори, како што се Liz Claiborne, Henri Bendel, Tory Burch и BCBG Generation. Истовремено таа работи во своето атлје и во 2007 година го отвора сопственото ателје за накит под име Oblik Atelier. Ова ателје за накит е нејзиниот одговор за потребата да креира накит со свои раце, во своето опкружување, да се потсети на своите уметнички корени и да ги поврзе со своето непроценливо искуство од деловниот свет на дизајнот.Колекциите на накитот на Миа, пласираат ракотворби и мода, една до друга, инспирирајќи се на традицијата, а истовремено движејќи се во правецот на постојано менување на модните трендови.Творештвото на Миа е објавено во списанија како што се: New York Times Magazine, Lark Books и публикациите во I – D Magazine. Својот накит таа го претставила на повеќе изложби и биенала во САД, Европа и Азија.
Едина Селесковиќ е родена во Босна и Херцеговина. Во САД доаѓа од БиХ, како средношколка и студент на размена, 1991 година. Разделена од семејството,татковината и сето она што и е мило и познато,Едина за утеха се свртува кон уметноста. Нејзините скулптури и слики, и претставуваат моќно емотивно сидро, кое и овозможуваат да ја осознае силата на уметноста и нејзиното влијание на сите околу нас, оддавајќи им чест на сите нејзе блиски жени. Едина Селесковиќ дипломирала на познатата ликовна академија Corcoran School of Art во Вашингтон отсек скулптура. Нејзините трудови оттогаш биле изложени на преку 40 самостојни и групни изложби во галерии ширум САД, Европа и Азија. Нејзината животна приказна и успешна уметничка кариера, зборуваат за многубројните правци на нејзината дејност. Призната како меѓународна академска уметничка, Едина е и препознатливо име на Њујоршката модна сцена, со модната куќа Anie Rexe, чии креации се наоѓаат на страниците на Cosmopolitan и Smock часописите. Многубројните соработки на Едина,со уметници од различни дисциплини, доведоа до основање на Њујоршката уметничка група, The Stoodio и модната куќа Anie Rexe.Таа е една од уметниците основачи на уметничката заедница Williamsburg, во Њујорк. Нејзините проекти не застануваат на ова. Таа е позната по јавниот перформанс Take One, во соработка со Њујоршкиот фотограф Emily Raw, по видео перформансот Maid in China town, во соработка со уметникот од Лос Анџелес, Aron Sheppard, презентиран на првото кинеско биенале на уметности во Пекинг, 2008 година. Инсталацијата на Едина, Dress for a princess, во соработка со Суад Когли презентирана е како официјален поклон на кралскиот брачен пар на денот на нивното венчавање во 2011 година. Едина често се враќа дома и реализира проекти кои се врзани за Босна и Херцеговина. Во 2007 година посебното издание на поштенската марка на БиХ, ја носела сликата на Едина Селесковиќ, а 2013 година Едина го дизајнирала и дресот на кошаркарската репрезентација на БиХ, и сите нејзини реквизити. Таа е основач и на првиот програм Artist in Residence, во БиХ во атлјето на Исмет Мујезиновиќ со поддршка на Американската амбасада во Сараево и Меѓународната галерија на портрети во Тузла. Добитник е на повеќе награди и тоа: Sculpture space fellowship во Њујорк 2010 – 2011, Canserrat награда во Барселона 2011 година, а оваа година и престижната награда на Samiadele Golden фондација во Њујорк. Животот на Едина е тема на многу списанија, ТВ и радио емисии и документарниот филм „Приказната на Едина“, во АТВ. Оваа година многубројните планирани проекти ја водат Едина во Европа. Таа живее и работи во Њујорк и Тузла.
Проектите на Едина Public Art, започнуваат уште во времето на студиите со муралот во Амбасадата на БиХ во Вашингтон, на барање на премиерот Силајџиќ, а во соработка со академскиот сликар Адин Хебиб. Соработката на овие два уметника продолжува се до денес. 2004 година Адин и Едина заедно го креираат муралот на влезот во Randon Plazu, во висина од девет метри.На изложбата присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како и амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во нашава з

Пронајдете не на следниве мрежи: