Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /31.03.2016 година/ присуствуваше и се обрати на меѓународната научна конференција „ГРЕДИТ 2016 – Зелен развој, инфраструктура и технологија“ којашто денеска и утре ќе се одржува на Технолошко-металуршкиот факултет. На оваа научна конференција учествуваат признати професори и научници од земјава и од странство, со свои трудови од областа на заштитата на воздухот, водата и почвата од загадување, проценка на ризици, обновливи извори на енергија, земјоделство и квалитет на храната, менаџмент на урбан и индустриски отпад, климатски промени и биодиверзитет, зелени градови, јавно здравје и други теми од областа на заштитата на животната средина.- Оваа конференција е најголемиот научно – стручен собир од областа на заштитата на животната средина што се одржал во Скопје. Очекувам таа да претставува импулс за уште поголеми ангажирања на сите релевантни институции, служби и поединци во сферата на заштитата на животната средина. Градот Скопје како локална самоуправа во Република Македонија оваа надлежност ја доби со процесот на децентрализација, пред нешто повеќе од 10 години. Паралелно со добивањето на надлежностите, се одвиваше и процесот на хармонизирање на националното законодавство со европското. Така, огромен број европски директиви се инкорпорирани во законската и подзаконската регулатива од областа на животната средина, што претставува сериозна основа и рамка за сите планирани активности. Во периодот од 2005 година па наваму, Градот Скопје, во согласност со своите надлежности и можности, а постапувајќи согласно со начелата на кои се засновува заштитата на животната средина, успешно се ангажираше да воспостави база на податоци од мониторингот на медиумите на животната средина и да поседува емпириски показатели за нејзината состојба; осмисли и реализира низа стратешки и плански документи и проекти преку кои презема активности за заштита и унапредување на животната средина; воспостави интегриран систем на управување со животната средина преку реализирање на мерките и активностите предвидени со првиот и со вториот Локален еколошки план, изготви Интегриран катастар на животната средина и Зелен катастар, воведе систем за интегрирано управување со отпадот, работи на издавање на интегрирани еколошки дозволи и спроведување стратегиски оцени на влијанија од планови и проекти и оцени на влијанија од конкретни проекти, спроведување на процедурата за елаборати за животна средина за активности и дејности предвидени со закон и др.; донесе и реализира SEAP – Акционен план за одржлива енергија, ја популаризира примената на мерките за енергетска ефикасност и примената на обновливи извори на енергија во духот на потпишаната Повелба на градоначалниците за намалување на емисиите на јаглероддиоксид; го промовиравме Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС), гасифициравме 4 средни училишта на Град Скопје, набавивме електроавтомобил за потребите на градската администрација, како и електромопеди, електротротинети и електромобили; работи на одржливиот развој на градот, го испитува неговиот еколошки отпечаток како показател на квалитетот на животот во градот; воведува одржлив транспортен систем, со фаворизирање и создавање подобрени услови за користење јавен превоз и велосипед; создава услови за валоризирање, прогласување, заштита, унапредување и уредување на природните реткости на своето подрачје; активно работи на реализација на проектот за унапредување на велосипедската инфраструктура во градот, „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“, а досега подигнавме и уредивме околу 200.000 квадратни метри зелени површини – рече денеска градоначалникот Трајановски.
Трајановски нагласи и дека Градот Скопје активно работи на намалување и адаптирање на климатските промени и на донесување на Стратегија за климатски промени за Скопје и реализација на нејзиниот Акционен план, како и на зголемување на урбаната отпорност на природни и на технолошки катастрофи.
– Градот Скопје посебно презема активности за подигање на јавната свест со реализирање еколошки конкурси, организирање манифестации и соработка со невладиниот сектор, а во своето работење се труди да обезбеди максимална транспарентност и да ја вклучи заинтересираната јавност во носењето одлуки. Уверен сум дека Градот Скопје ќе успее да ги приведе кон успешен крај обемните актуелни активности и да ги реши своите два најголеми еколошки предизвици: справување со загадувањето на воздухот со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ 2,5) и изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје – додаде градоначалникот Коце Трајановски.- Оваа конференција е најголемиот научно – стручен собир од областа на заштитата на животната средина што се одржал во Скопје. Очекувам таа д