Отворена првата банка од иднината i-bank store од Стопанска банка АД- Скопје

Во мисијата на Стопанска банка стои дека во модерното окружување кое е во постојан подем и движење, каде личните потреби и очекувања се менуваат, и каде клиентите знаат повеќе, бараат повеќе и прават повеќе, Стопанска Банка настојува да отвори нови можности преку понуда на финансиски производи и услуги кои соодветствуваат на овие промени, лесно достапни со помош на современи дистрибутивни канали.Со отворањето на i-bank store, сите алтернативни иновативни банкарски услуги добиваат свој дом и простор каде ќе бидат во фокусот на вниманието и на Банката и на клиентите. Во i-bank store регионалното искуство и познавање на пазарот преку глобалните технолошки иновации се преточува во локална предност за нашите клиенти.

Паралелно со отворањето на i-bank store, Банката воведува уште неколку новитети кои значително ќе го подобрат искуството на клиентите при користење на банкарските услуги:
– Унифицирана платформа со примена на OTP (one time password) токен за автентикација на налози за сите плаќања преку e-banking, m-banking и телефонско банкарство. Достапно само за физички лица.

– Верзија од m-banking апликацијата е изработена и активирана и за Windows mobile уреди
– и Стопанска банка е прва и единствена која во Македонија го воведе 3D Secure стандардот со кој Visa & MasterCard картичките издадени од банката од Февруари 2014 ќе бидат овозможени за безбедни интернет плаќања насекаде во светот.

„Пораката која Стопанска банка ја испраќа до пазарот денеска, е дека продолжува да биде лидер, иноватор и најдинамична Банка која не само што ги разбира туку и успева во рана фаза да ги открие потребите на клиентите со цел навремено да ги направи потребните инвестиции и промени во својот бизнис модел и постојано да биде чекор понапред во банкарскиот сектор.“
Изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка.

Со своето прилагодено работно време i-bank store ќе биде отворен за клиентите од 10 до 20 часот со цел да ги приближи, презентира и понуди пред се i-bank алтернативните канали e-banking, m-banking, телефонско и банкарство преку АТМ. Дополнително, просторот нуди место за релаксација, дружење и интеракција на сосема друго ниво со нашите сегашни и идни клиенти, но и простор за поголема синергија со окружувањето во кое Банката дејствува.
Со i-bank store официјално започнува и прославата на 70 годишнината на Банката која ќе биде одбележана со повеќе вакви настани и промоции.
 
Стопанска банка АД – Скопје  
На ваша страна
 Со отворањето на i-bank store, сите алтернативни иновативни банкарски услуги добиваат свој дом и простор каде ќе бидат во фокусот на вниманието и н

Пронајдете не на следниве мрежи: