ОТВОРЕНА ВТОРАТА COCA-COLA АКТИВНА ЗОНА: Струмица вчера беше домаќин на Пивара Скопје и Coca-Cola

Во градскиот парк во центарот на градот, Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата заедно со Општина Струмица ја пуштија во употреба втората Coca-Cola aктивна зона. Отворањето на активната зона во Струмица е во рамките на долгорочниот проект „Coca-Cola активни зони“ кој ќе се реализира во повеќе општини ширум земјава.Активните зони се донација од Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремени со најсовремена фитнес опрема, наменети за употреба на сите граѓани.
„Со проектот „Coca-Cola Активни Зони“ ја продолжуваме долгогодишната мисија и традиција на Пивара Скопје и Coca-Cola за промоција на спортот и редовната физичка активност. Во рамките на овој значаен проект, денес во Општина Струмица, поддржани од локалната самоуправа и организацијата ‘‘Отворени забавни фудбалски школи‘‘, ја отворивме и втората Активна Зона во Македонија. Особено ни е драго што и граѓаните на Струмица добиваат можност да се рекреират и спортуваат во текот на целиот ден. Летово ќе продолжиме со реализација на проектот “Coca-Cola активни зони”, кој е од огромно значење за зголемувањето на физичката активност кај сите граѓани.”, изјави г-дин Јован Радосављевиќ, Генерален Директор на Пивара Скопје АД.

Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено и ќе бидат 24 часа достапни за користење.
Проектот е дел од глобалната платформа за промоција на здрав и активен живот на Coca-Cola и е одлична комбинација на спорт, забава и дружење како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните. Ова лето, покрај Скопје и Струмица, активни зони ќе бидат отворени и во Прилеп, Тетово и Охрид.
 Активните зони се донација од Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремен

Пронајдете не на следниве мрежи: