Отворени врати за бегалците: Меркел нема план „Б“ за бегалската криза

Германската канцеларка Ангела Меркел не се откажува од политиката на отворени врати за бегалците, тврдејќи дека оваа политика е од интерес на Германија.Во интервју за германската национална телевизија АРД Меркел вели дека не е лесно и оти патот е тежок, порачувајќи притоа дека тие што размислуваат за Германија треба да размислуваат и за Европа и за регионите до Европа.
– Длабоко сум уверена дека патот по кој што тргнав е вистинскиот, вели канцеларката која што тврди дека нема план „Б“ за бегалската криза.
Во врска со позицијата на Грција во бегалската криза Меркел порача дека Европската унија не смее да дозволи оваа земја да „влезе во хаос“ поради приливот на илјадници мигранти кои што сега се заглавени на грчка територија поради блокадата на границите на земјите од „Балканската рута“.
„Дали навистина мислите дека членките на Еврозоната се бореа до последно Грција да остане во заедничката монетарна унија за по една година да дозволиме земјата да биде во хаос. Нејзин став е дека членките на ЕУ не смеат да ги затворат границите за бегалците и со тоа да ја остава Грција сама да ги решава проблемите со бегалците.
Канцеларката која во ЕУ се соочува со длабока поделба пред самитот на 7 март отворено покажа незадоволство од однесувањето на балканските земји предводени од членката на ЕУ Австрија кои што координирано ги затвораат границите и со тоа создаваат тесно грло во Грција, додека во исто време од Турција продолжувааат да доаѓаат бегалци.
Според неа не е добро да се преземаат еднострани дејства и да се затвараат националните граници внатре во ЕУ.
– Токму од тоа се плашам сега, дека некои држави ќе ги затворат своите граници а други ќе страдаат. Тоа не е мојата Европа , изјави Меркел за АРД.
Во врска со критиките дома и порастот на ксенофобијата и палењето на бегалски кампови во разни делови на Германија канцеларката смета дека постои зголемена поларизација и политизација на проблемот. Ги осуди нападите врз бегалците кои што ги нарече „одвратни и ужасни“.
Меркел во интервјуто порача дека Германците кои што имаат дилеми за нејзините чекори во врска со бегалската криза сеуште не се убедени во тоа што таа го прави но дека таа може да ги убеди ако кризата биде надмината. „Правото на човечко достоинство е неприкосновено и тоа важи и за германските граѓани и за мигрантите“, порача Меркел и дополни дека интеграцијата не е само право туку и обврска а напорите што ги прави Германија за прием на бегалците не можат да бидат доволни доколку бегалците не го почитуваат законот.
Германската канцеларка на последната анкета објавена минатата недела има два проценти повисок ректинг од тој што беше измерен минатиот месец. Нејзината партија ЦДУ и сестринската баварска партија ЦСУ на 13 Март ќе учестуваат на покраинските избори во три германски држави: Баден – Виртенберг, Рајна Палатинат и Саксонија – Анхалт.Во интервју за германската национална телевизија АРД Меркел вели дека не е лесно и оти патот е тежок, порачувајќи притоа дека тие што размислуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: