Отворено писмо од еден млад геј

Јас сум како и секое нормално момче, сакам чоколадно млеко и лимон торта. Потекнувам од Мексико, моето име е Ирвин Гереро. Имам 22 години. Мојата мајка е домаќинка а имам и двајца помали браќа. Живеев во конзервативно семејство, секоја недела одевме во црква, се молевме за време на секоја вечера. 
На 4 август 2008 година, мојот живот се промени.Најпрво се преселив. А пак  моето образование го завршив пред една година, бев одличен студент. Никогаш нема да го заборавам денот кога се јавив кај мојата тетка, таа ме замоли да донирам крв за мојот тетин. Тој беше дијабетичар. Па јас решив да одам до болницата и да видиме дали можам да донирам крв. Истиот ден во 14:00 часот сестрата ми кажа дека имам ХИВ. Бев шокиран, сестрата воопшто не беше сочувствителна. Се обиде само да ме убеди дек живот со ХИВ може да биде едноставен само доколку се потрудам.
Кога отидов дома размислував за самоубиство… но не сакав да и предизвикам толку голема болка на мојата мајка.
Јас и мојата мајка се договоривме да се сретнеме, уште пред да дознаам дека сум ХИВ позитивен. На состанокот сакав да ја известам дека сум геј… но сега се беше залудно, па јас ја откажав средбата.
Но не можев цел живот да бегам, еден ден одлучив да се качам во автобусот и да ја посетам мајка ми….
Стигнав дома, веднаш и кажав дека треба да разговараме… ја гледав во очи, секогаш сакав да ги гледам луѓето во очи, рацете ми се потеа. Ме погледна со нејзиниот топол поглед, беше убава како и секогаш. Решив да проговорам: Мамо јас сум геј… Започна да плаче .
Конечно проговори… Знаев, но вети ми едно дека ќе се грижиш за себе, ќе се чуваш од полово преносливи болести.
Не можев да издржам и ја кажав и другата вистина која ја криев во мене: „Имам ХИВ“.
Започна да се менува бојата на нејзиното лице, започна силно да плаче. Никогаш ја немав видено таква. Потоа плачевме заедно уште долго.
Денес, секојдневно се слушам со мојата мајка и одам редовно на третмани. Секој ден земам таблети… Можеби ќе умрам утре но во едно сум сигурен подобро е да живееш со вистината отколку постојано да се криеш и да бегаш од целиот свет.Јас сум како и секое нормално момче, сакам чоколадно млеко и лимон торта. Потекнувам од Мексико, моето име е Ирвин Гер

Пронајдете не на следниве мрежи: