На повеќе од 3 месеци до одржувањето на најголемата маратонска манифестација во државата, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, а под покровителство на Градот Скопје, Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт, отворено е пријавувањето за учество на 11-тиот, Виз Ер Скопски Маратон 2015. На 10-ти мај, очекувањата се дека Скопје ќе биде домаќин на повеќе од 7.500 маратонци, со што би се надминал досегашниот рекорд на учесници на маратонската тркa низ скопските улици.Оваа година, се воведуваат неколку новитети – покрај маратонската, полумаратонската и трката на 5 км, се воведува штафетен маратон. За истиот ќе можат да се пријавуваат тимови од 4-ца натпреварувачи, со што секој ќе трча по 10 км до предавање на штафетата, пa поминувањето на целта, секој тим би ја комплетирал должината на маратонската патека. Стандардните трки – маратон (42.195 км), полумаратон (21.097 км) и трката на 5 км остануваат и оваа година главно обележје на најголемата маратонска трка во Македонија.
Пријавувањето е отворено! Истото ќе се одвива во три етапи (маратонската и полумаратонската трка), односно две етапи (трката на 5 км). Секој учесник ќе може да се пријави преку официјалната веб страна www.skopskimaraton.com.mk, каде воедно можат да се најдат детални информации за пријавувањето, како и за правилата на учество.
Секој што ќе го пријави своето учество на една од трките, ќе добие вредносен ваучер од 20 евра за летовите на Виз Ер кои оперираат од Скопје, вклучувајќи ги и новите летови кои Виз Ер ги најави, а ќе почнат да оперираат од јуни оваа година. Дополнително, секој учесник во една од трките ќе биде осигуран од Евроинс од несреќен случај за времетраењето на трката.
Овогодишни новитет на Виз Ер Скопски маратон 2015 е оддржувањето на Маратон ЕКСПО, настан кој ќе се случи од 7-ми до 9-ти мај, во хала 4 на Скопски саем. Подигнувањето на стартните броеви ќе биде на Маратон ЕКСПО, a истиот ќе биде дополнет со активности на спортски излагачи и различни едукативни содржини.
Веќе традиционално, тим билдинг натпреварувањето ќе биде во состав на трката на 5км, а на 9-ти мај ќе биде одржана и Колгејт мини маратонската трка. Како најава на маратонот, трета година по ред ќе биде одржана и Женската трка, а овогодишен новитет е оддржување на Медиумската трка, наменета за претставниците на медиумите.
Спремни за трка? Пријавете се. Одбројувањето до Виз Ер Скопски маратон започнува, сега!Оваа година, се воведуваат неколку новитети – покрај маратонската, полумаратонската и трката на 5 км, се воведува штафетен маратон. За истиот