Отвотрено 15- то јубилејно издание на Актерот на Европа во Ресен

Со врачување на престижното признание “Актер на Европа” за животно дело на францускиот театарски деец Марсел Бозоне и наградите “Клучевите на Преспа’’на македонскиот поет и академик Ристо Василевски и француската театарска режисерка Франсоас Филитис Лабрус , синоќа во Ресенскиот Амфитеатар започна јубилејното 15-то издание на интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2017.-Оваа награда која ја посветувам на сите тука во Преспа, на мојата фамилија и на сите актери ми е посебно мила бидејќи минувајќи низ спектарот на театарот со својата сеопфатност ги потикнувам сите оние кои живеат за театарот никогаш да не се откажуваат од своите желби и ангажмани и да настојуваат од “се да направат театар”.Се восхитувам на сите оние кои живеат за театарот, како оние сарајлии и кога за време на опсадата на нивниот град упорно не дозволија да прекине театарот и кога пет тетарски групи упорно работеа под нишаните на снајперите, е токму на таквите како нив се радувам и секое мое признание го посветувам на сите луѓе на кои театарот живот им значи- истакна францускиот лауреат Марсел Бозоне.
-Денес и во изминатите години, токму со „Актерот на Европа“, вие актерите на Европа придонесувате вредностите на меѓусебното почитување на културите на различните народи, тука во Преспа да се издигнат на едно високо ниво. Уметноста е успешен пример како ние народите од Балканот треба да соработуваме и меѓусебно да живееме и во тој контекст колку да се користени зборови на нашиот национален идеолог и револуционер Гоце Делчев кој уште пред 120 години кој истакна дека Светот го разбира единствено како поле за културен натпревар помеѓу народите се сеуште се актуелни и секоја година го оживуваат духот на овој фестивал-рече Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.
Фестивалот, нагласи, има обединувачка димензија на трите народи и трите култури кои делат исто езеро. Неговата цел, според Стрезоски, е да го шири европскиот дух преку културата, спојувајќи ги уметниците од различни страни на светот.
На првата вечер од фестивалот беше прикажана преставата “ИДИОТ”- Ф.Достоевскиво режија на Богдана Дарие и во изведба на Студенти по Актерство на “И.Л.Караѓaле”-Букурешт,Романија.Во наредните денови , ресенчани и сите љубители на театрот ќе можат да погледнат уште шест тетарски дела од Македонија , Бугарија, Франција, Косово , Србија во традиционалниот амбиент на ресенскиот Сарај. Фестивалот со врачување на наградите на најуспешните завршува на 11 јули.
На Фестивалот досега во својата петнаесет годишната историја учествувале повеќе од 130 претстави од скоро сите европски земји, а се одржува во организација на Езеро без граници, Општина Ресен и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, со поддршка на Министерствот за култура на Република Македонија.-Оваа награда која ја посветувам на сите тука во Преспа, на мојата фамилија и на сите актери ми е посебно мила бидејќи минувајќи низ спектарот на т

Пронајдете не на следниве мрежи: